Над 16.000 загинати во земјотресот во Турција и во Сирија, клучните 72 часа поминаа

February 9, 2023
1 min read

Бројот на загинати од силниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија се искачи на повеќе од 16.000.

Спасувачки тимови се уште се во потрага по преживеани и заглавени под урнатините.

Официјални лица и медицински лица соопштија дека 12.873 лица загинале во Турција и 3.162 во Сирија од потресот од понеделникот од 7,8 степени по Рихтеровата скала, со што потврдениот вкупен број достигна 16.035.

Повеќе од 90 проценти од преживеаните во земјотресот се спасени во првите три дена, вели за АФП, Илан Келман професор на Универзитетскиот колеџ во Лондон.

-Генерално земјотресите не убиваат луѓе, уривањето на инфраструктурата убива луѓе, вели Келман кој додава дека најважниот фактор во пружањето медицинска помош на луѓето извлечени под урнатините, е истата да ја добијат што порано.

-Времето е клучен фактор и целосно е против нас во Турција и Сирија, нагласи тој.

Регионите погодени од земјотресот се на удар на ниски температури, како и дожд и снег.

-За жал, ова значи хипотермија е можна, а луѓето веројатно за жал, ќе губат животи поради временските прилики. Оние кои успеваат да ги преќивеат студот и повредите се уште имаат потреба од храна и вода. Без вода, многу луѓе ќе почнат да умираат во рок од три, четири, пет дена, вели Келман.

Во Турција е прогласен вонредна состојба во период од три месеци во 10 провинции, а помош пристигнува од целиот свет.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Бројот на загинати во Турција и Сирија се искачи на речиси 16 000

Следно

Свеќа пред Владата за Благојче Илијевски, пациентите со цистична фиброза ќе се збогуваат со соборецот кој почина чекајќи го лекот

Latest from Blog

За осум месеци 138 жртви по патиштата во Албанија

Во периодот јануари-август регистрирани се 961 сообраќајни несреќи, во кои животот го загубиле 138, тешко се повредени 149, а полесно двојно повеќе. Во истиот период минатата година, се регистрирани 1.086 несреќи, со

Баерн Минхен испратил „навредлива и срамна“ понуда, клубот целосно ја игнорирал!

Откако ја вратија титулата во Бундеслигата во своите витрини минатата сезона, баварскиот гигант донесе вкупно четири нови играчи. Луис Дијаз, Џонатан Та и Николас Џексон, меѓу другите, пристигнаа во Минхен, но еден

Коњановски изврши увид: Почнува реконструкција на улиците „16-та“ и „Даме Груев“

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со советникот Бојан Бојкоски и претставници од Одделението за комунални дејности, извршија увид на активностите за реконструкција на улицата „16-та“ – профил 1 од првата

Мицкоски: Македонија добива нова енергија и работни места

5 Денеска беше поставен камен-темелникот на новиот малопродажен објект на „Лидл“ во Македонија, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски и претставници на компанијата. Со оваа инвестиција, според премиерот, земјата добива нова енергија,

Илјадници фалсификувани кукли Лабубу запленети во Велика Британија поради безбедносни ризици

Илјадници фалсификувани кукли Лабубу се запленети од продавници низ Велика Британија, поради предупредувања за нивна небезбедност. Куклите, препознатливи по својот влакнест изглед како чудовиште, станаа популарни благодарение на кинескиот производител на играчки
Go toTop