ОУ „Гоце Делчев“ во Битола доби нови и современо опремени спортски терени, со што се создаваат подобри услови за спорт и рекреација на учениците.
Во рамки на проектот изградени се две повеќенаменски игралишта – едното наменето за мал фудбал и ракомет, а другото за кошарка. Терeните се оградени и осветлени, а опремени се и со спортски реквизити и урбана опрема.
За реализација на проектот се издвоени вкупно 14.280.422 денари. Средствата се обезбедени преку вториот владин повик, во рамки на програмата на Министерството за образование и наука.
Од Општина Битола посочуваат дека со ваквите инвестиции се создаваат модерни услови за спорт и рекреација во училиштата и се подобруваат условите за учениците.
„Нашата определба, како и определбата на Владата, е создавање модерни услови за спорт и рекреација во нашето образование“, велат од Општина Битола.

