Ердоган: „Сите можности се мобилизирани по земјотресот“

February 8, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека Туркије со сите свои институции и можности е мобилизирана по разорниот земјотрес што се случи на 6 февруари во јужните области на земјата, јавува „Анадолу“.

„Ги мобилизиравме сите наши можности. Државата работи со општините, особено со АФАД, со сите свои можности“, рече Ердоган додека вршеше увид на хуманитарните акции спроведени во областа Кахраманмараш каде што се случија двата големи земјотреса.

Повеќе од 13 милиони лица во девет области се погодени од земјотресите кои се случија на 6 февруари во јужниот дел на Туркије, кои беа почувствувани и во околните земји, вклучувајќи ги Сирија и Либан.

„Моментално бројот на загинати во земјотресите изнесува 8.574, а на повредени, 49.133“, нагласи Ердоган.

Турскиот претседател информира дека бројот на срушени згради како резултат на земјотресот изнесува 6.444.

Според него, одредени хотели во областите Мерсин и Анталија, вклучувајќи го и подрачјето на Аланија, ги отвориле своите врати за жртвите на земјотресот.

„Нашите граѓани не треба да се загрижени. Никогаш нема да дозволиме да останат на улица“, додаде тој.

Ердоган истакна дека секое семејство погодено од земјотресот, ќе добие помош од 10.000 турски лири (околу 530 долари).

„Целта ни е во 10 области погодени од земјотресите, каде што доживеавме катастрофа, за една година да спроведеме масовна изградба на станбени единици“, нагласи Ердоган.

– Разорни земјотреси кои ја потресоа Туркије на 6 февруари 

Два силни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, во понеделникот наутро во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Туркије. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.

И турските области Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман, Малатја, Османие, Хатај и Килис се тешко погодени од земјотресите. Во текот на денот имаше и голем број последователни потреси со помал интензитет.

Туркије прогласи седумдневна жалост поради разорните земјотреси што ја потресоа земјата.

Земјотресите се почувствуваа и во соседна Сирија, но и во Ирак, Либан, Египет и во други региони.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Еврометар“: Само 49 отсто од граѓаните сметаат дека влезот во ЕУ е добра работа – голем пад на поддршката за евроинтеграциите

Следно

ФОТО: Осумгодишниот Југит помина 52 часа под урната зграда во Турција

Latest from Blog

Додик поканет на молитвениот појадок во Вашингтон

Неформалниот лидер на Република Српска, Милорад Додик, е поканет на молитвениот појадок организиран од американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон на почетокот на февруари, само три месеци откако беа укинати санкциите под

Сари: Играчите на Лацио си заминуваат поради недостиг на амбиции!

ФОТО: S.S. Lazio/FB Маурицио Сари испрати дополнителни пораки до претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, велејќи дека играчите „заминуваат затоа што не гледаат амбиција во клубот“ и дека навивачите треба да се навикнат

Спектакл и шок за Арсенал: Солзи на “Емирејтс“, овој Јунајтед е некој друг, фантастичен Јунајтед!

ФОТО:facebook.com/manchesterunited/ Уф, каков спектакл на “Емирејтс“? Ова го може само во Премиерлигата. Супер – дербито меѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед заврши со триумф на гостите од 2:3. Ете тоа е ефектот наречен

Oбилни дождови и високи температури: Какво време најавуваат од УХМР за следните денови?

Претежно облачно време ќе преовладува денеска низ земјава, со повремени локални врнежи од дожд, најизразени во северозападните и југоисточните делови. На повисоките планини врнежите повремено ќе бидат во форма на слаб снег.
Go toTop