Првиот дел од помошта собрана од волонтерите најдоцна утре ќе тргне кон Турција

February 8, 2023
1 min read

Група волонтери досега собрале над два шлепера донации. Тие во текот на денот очекуваат уште толку донации за вечерва или најдоцна утре да тргне првиот дел на хуманитарна помош за Турција. Мнозинството од волонтерите се студенти од Турција кои студираат во земјава, а дел од нив ги изгубиле своите семејства или не добиле никаква вест за нив.

– Ова го правиме сосема  доброволно, целата собрана помош ќе се испрати во Турција со помош на невладините организации коишто се поврзани со институциите и другите организации од Турција. Во моментов, наполнивме два шлепера, денеска ќе стигнат донациите и од Охрид и од другите градови и во текот на денот се очекува да се соберат уште толку донации. Очекуваме вечерва или најдоцна до утре да тргне првиот дел на помош, вели во изјава за МИА, Биљал Џандемир, еден од волонтерите на пунктот отворен на плоштадот во Скопје.

Се донираат ќебиња, пелени, јакни, чизми и у други работи. Се внимава што помалку храна да се прими. Донации во финансиски средства не се примаат. За вакви донации, граѓаните се упатуваат тоа да го сторат преку официјалните институции.

– Од тие што работат како волонтери, 95 проценти се студенти од Турција кои студираат тука, но има волонтери Македонци, Албанци, Босанци. Голем број од студентите што ни помагаат изгубиле семејства, роднини во земјотресот или не можат да добијат никаква вест околу нив. Тие се обидуваат со сите нивни можности да помогнат, истакна Џандемир.

Исто така информираше дека се отворени пунктови на неколку локации во Скопје како што се Старата Чаршија, Гази Баба, Рамстор и на други места.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Градоначалникот на Благоевград: Ќе ги казнам вработените што фрлале камења на македонскиот клуб како што Скопје ги казнува цариниците и полицајците

Следно

(ВИДЕО) Момче од Сирија се снималo со мобилен телефон под урнатините: Не знам дали ќе умрам

Latest from Blog

Кремљ го потврди она што отсекогаш било познато: „ПУТИН НИКОГАШ, АМА БАШ НИКОГАШ НЕ ГО ПРАВИ ТОА!“

Рускиот претседател Владимир Путин никогаш не користи обичен фиксен или мобилен телефон за комуникација со претставници на администрацијата, објави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, секретар за медиуми на Путин, во разговор со

Лукровски: Карпош е најпогодена од невремето во Скопје, експресно се санирани штетите каде граѓани останаа под ведро небо со откорнати покриви

Општина Карпош беше најпогодена општина од невремето во Скопје, со 250 оштетени автомобили, негде околу 85 или 90 оштетени кровни конструкции на згради, куќи и останати институции, за жал и училишта и

Трамп ги прекина нападите врз Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп ги паузираше нападите врз Иран за да „ослободи простор“ за преговори, изјави во неделата американскиот амбасадор во Обединетите нации, откако Иран објави дека нема да нападне сè додека

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и Јулија Циборовски, внуката на истакнатиот полски урбанист Адолф Циборовски, денес во Старата скопска чаршија ја открија спомен-плочата
Go toTop