Листа на ЕВРОПСКИ ШАМПИОНИ: Италија ја брани титулата, Шпанците и Германците рекордери

June 10, 2024
1 min read

Титулата европски фудбалски првак досега ја освоиле десет репрезентации, а најуспешни се Германија и Шпанија со по три европски титули.

Шпанија славеше во 1964, 2008 и 2012 година, а покрај трите титули, може да се пофали и дека е единствената што успеала да ја одбрани титулата (2008, 2012).

Три европски титули има и Германија (1972, 1980, 1996), а домаќин на ЕВРО2024 воедно е единствената репрезентација која играше три финалиња во серија (1972, 1976, 1980).

Титулата европски првак ја брани Италија, која два пати беше најдобра на континенталните собири (2020, 1968).

По две титули имаат и Французите (1984, 2000), а на европската титула во минатото се радуваа и СССР (1960), Чехословачка (1976), Холандија (1988), Данска (1992), Грција (2004) и Португалија (2016).

ЕВРОПСКИ ШАМПИОНИ

1960. СССР
1964. Шпанија
1968. Италија
1972. Германија
1976. Чехословачка
1980. Германија
1984. Франција
1988. Холандија
1992. Данска
1996. Германија
2000. Франција
2004. Грција
2008. Шпанија
2012. Шпанија
2016. Португалија
2020. Италија. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Цеков за ТВ 24: Доколку ги усогласиме нашите програмски определби ќе бидеме дел од владата

Следно

Од 25. владина седница: Препораки до граѓаните и работодавачите поради најави за топлотен бран од утре

Latest from Blog

Јаневска: Исполнети се сите досегашни цели од Реформската агенда во образованието

Сите досегашни цели од Реформската агенда во делот на образованието и науката се исполнети, за што во државниот буџет ќе бидат вратени 19,2 милиони евра, истакна министерката за образование и наука Весна

Божиновска: По форумот во Скопје, заеднички фокус со УНЕЦЕ на женското лидерство во енергетиката

Проширувањето на Мрежата на жени во енергетската дипломатија и продолжувањето на иницијативите од првиот Форум за енергетска дипломатија во Скопје беа теми на работната средба на министерката за енергетика, рударство и минерални
Go toTop