Теренски работни активности на водоводна и канализациона мрежа

February 7, 2023
1 min read

Екипите на ЈП „Водовод и канализација – Скопје“, во текот на вчерашниот ден покрај редовните теренски проверки и работни активности, интервенираа на неколку локации во градот, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување за скопјани, но и нормална и непречена функционалност на атмосферската и фекалната канализациона мрежа.

– Се спроведоа активности за отстранување на дефекти на водоводната мрежа на бул. Видое Смилевски Бато, ул. Лука Ѓеров 5/1, Гостиварска 6, ул.1550, Бел Камен 21, но и за реконструкција на водоводна линија на ул. Димо Хаџи Димов, информира ЈП „Водовод и канализација – Скопје“.

Истовремено се спроведоа и активности за рачно чистење на сливници и одзатнување на сливници со цистерна под притисок и вакуум во Ѓорче Петров, контрола на шахти и површинско чистење на сливници на ул. Михаил Чаков и рачно чистење на сливници на ул. Коце Металец.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бројката на загинати во разорните земјотреси во Туркије се зголеми на 3.419

Следно

Објавени снимки од дрон од разурнатите области во Турција и Сирија, бројот на загинати надмина 5 000

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop