Бројката на загинати во разорните земјотреси во Туркије се зголеми на 3.419

February 7, 2023
1 min read

АНКАРА – Според најновите информации добиени од турските власти, најмалку 3.419 лица ги загубија животите, а 20.534 се повредени во земјотресите што вчера ги потресоа јужните делови на Туркије, известува Анадолу.

Потпретседателот на Туркије Фуат Октај на конференцијата за новинарите во Анкара ги сподели најновите информации за бројката на настрадани во земјотресите во Туркије, со епицентар во турската област Кахраманмараш.

Октај соопшти дека бројката на загинати се зголемила на 3.419, повредени се 20.534 лица, а од урнатините во турските градови живи се извлечени повеќе од 8.000 лица.

Потпретседателот на Туркије Октај сподели и други податоци во врска со бројката на странски тимови за претрага и спасување, кои пристигнале во Туркије.

„Засега 3.294 лица, членови на тимови за претрага и спасување, дојдоа од други земји. Повеќе од 70 земји поднесоа барања, од кои 14 веќе се на терен“, информираше Октај.

– Број на загинати во Туркије

Два силни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер вчера наутро во 4:17 часот со епицентар во округот Пазарџик и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер со епицентар во местото Елбистан ги потресоа јужните делови на Туркије. Епицентарите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш. И турските области Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман, Малатја, Османие, Хатај и Килис се тешко погодени од земјотресите. Во текот на денот имаше и голем број последователни потреси со помал интензитет.

Земјотресите се почуствуваа и во соседна Сирија, но и во Ирак, Либан, Египет и други региони.

Претседателот на Туркије Реџеп Таип Ердоган изјави дека на Туркије и се случила најголемата катастрофа по земјотресот во Ерзинџан 1939 година.

Туркије прогласи седмодневна жалост поради разорните земјотреси што ја потресоа земјата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лајчак: Мило ми е што Косово начелно го прифати предлогот на ЕУ

Следно

Теренски работни активности на водоводна и канализациона мрежа

Latest from Blog

Кукуреља го убедувал Родри да потпише за Реал: „Се надевам дека нема да има успех во Барселона“

Шпанскиот репрезентативец Марк Кукуреља откри дека во текот на летниот преоден рок се обидел да го убеди својот сонародник Родри да се пресели во Реал Мадрид. Дефанзивецот на „кралевите“ во интервју за

Parashikimi i motit për ditën e nesërme

Instituti Hidrometeorologjik i Kosovës ka njoftuar se të enjten, në Kosovë do të mbajë mot me diell dhe vranësira të pjesshme. Sipas IHMK-së, temperaturat minimale do të lëvizin nga 2 deri në

Трамп го повика Путин на Флорида

Рубио ги даде овие забелешки по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. „За да се решат проблемите, мора да се
Go toTop