Нов обид на Уставен суд да избере претседател

June 3, 2024
1 min read

Во Уставниот суд денеска треба да се одржи продолжение на седницата за избор на нов претседател на Судот.

Ова ќе биде седми обид на членовите на Уставниот суд, откако пропаднаа шест обиди во претходните две продолженија на седницата  да се избере претседател. На седницата во четвртокот и на продолжението во петокот, судиите во шест наврати бираа меѓу кандидатките Татјана Васиќ Бозаџиева и Ана Павловска Данева, но ниту една од нив не го доби потребното мнозинство.

Новиот претседател на Уставен треба да ја замени досегашната претседателка Добрила Кацарска, чиј тригодишен мандат истече во неделата, на 2 јуни.

Според Деловникот, Уставниот суд на седница избира претседател на Судот од редот на судиите со двотретинско мнозинство од вкупниот број на судиите, со тајно гласање. 

Покрај Кацарска, актуелни судии во Уставен суд од кои некој ќе ја преземе претседателската функција се Насер Ајдари, Осман Кадриу, Дарко Костадиновски, Фатмир Скендер, Татјана Васиќ Бозаџиева, Елизабета Дуковска, Јадранка Дабовиќ Анастасовска и Ана Павловска Данева.

Секој судија може да предложи кандидат за претседател на Уставниот суд. 

Предлогот за кандидат за претседател на Уставниот суд го утврдува комисија од тројца судии избрани со мнозинство од вкупниот број на судиите. 

Ако кандидатот не го добие потребното мнозинство гласови, постапката за избор на претседател се повторува.

Мандатот на претседателот на Уставен суд е три години, без право на реизбор.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тројца загинати во судар на автомобили на наплатна рампа кај Ливорно, во италијанска Тоскана

Следно

Крос официјално потврди кој ќе ја носи неговата „8-ка“ наредната сезона (Видео)

Latest from Blog

„Тајм“: Трамп го прашал „Грок“ што би се случило ако го уапси Мадуро

Ова се случило неколку недели пред тој да нареди операција за негово приведување, открива списанието „Тајм“. Наводно, вештачката интелигенција му рекла на Трамп дека многумина во Венецуела веројатно би го прославиле падот

Барселона пронајде нов десен бек во Фиорентина, но ќе има конкуренција во Јувентус и Милан

Бразилскиот дефанзивец на Фиорентина, Додо, се најде на радарот на неколку европски гиганти и наскоро би можел да ја промени средината. Иако сезоната е во полн ек, најголемите европски клубови веќе ги

Тајван ги доби првите нови американски авиони Ф-16, нарачани се 66

Авионите слетаа во воздухопловната база Чиханг во источниот округ Тајтунг околу пладне, по летот од Хаваи и попатното застанување во Гуам. Тајванскиот претседател Вилијам Лаи Чинг-те изјави дека пристигнувањето на авионите претставува
Go toTop