ЖИВКО ГРОЗДАНОСКИ Е НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРУШТВОТО НА ПИСАТЕЛИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

June 1, 2024
1 min read

Писателот и филолог Живко Грозданоски денеска е избран за нов претседател на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). Денешното редовно изборно собрание следи откако имаше две неуспешни вонредни изборни собранија поради немање кворум.

Грозданоски е автор на десетина книги, за кои има добиено награди. Се зачленил во ДПМ во 2018 , и се вклучил во редакцијата на „Стожер“. Во 2022 се кандидираше за претседател на ДПМ, кога победи Христо Петрески.

За функцијата претседател кандидатури доставија и Весна Дамчевска-Илиевска, Мирче Нешовски и Југослав Петровски. Јордан Ѓорчев поднесе кандидатура, но вчера ја повлече.

Како што соопшти ДПМ, усвоени се и измени и дополнувања во Статутот на Друштвото, а за членови на Управниот одбор се избрани Зоран Анчевски, Виолета Танчева-Златева, Марина Мијаковска, Сузана В. Спасовска, Бранко Цветкоски и Димитар Пандев. Избран е и Суд на честа, кој го сочинуваат Лидија Капушевска-Дракулевска, Санде Стојчевски, Анастасија Ѓурчинова, Владимир Мартиновски и Славе Ѓорѓо Димоски. Раководството на ДПМ наскоро ќе ја одржи својата конститутивна седница, на која ќе биде избран и потпретседател на Друштвото.

Првото вонредното собрание беше закажано лани откако на 9 октомври претседателот Христо Петрески поднесе неотповиклива оставка поради здравствени причини, по што Кристина Николовска, претседателка на Собранието свика Вонредно изборно собрание. На 14 октомври, Петрески ја повлече неотповикливата оставка и рече дека била „изнудена поради притисоци, уцени и закани“.

На 15 октомври, 21 проминентен член од различни генерации на Друштвото на писателите на Македонија јавно ја повикаа Николовска, во согласност со Статутот на ДПМ, да подготви и да испрати до членството Дневен ред како и Деловник за Вонредното изборно собрание.

„По последните настани, невозможно е Друштвото да продолжи со нормална работа“, рекоа во писмото потпишано меѓу другите и од годинашниот лауреат на Струшките вечери на поезијата Влада Урошевиќ и наградуваните автори Димитрие Дурацовски, Славе Ѓорѓо Димоски, Оливера Ќорвезироска, Лидија Димковска, Билјана Црвенковска, Румена Бужаровска, Фросина Пармаковска, Живко Грозданоски, Петар Андоновски, Давор Стојановски и други.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Драгана Мирковиќ и Тони уживаа во луксуз заедно, но по разводот еве што сè треба да поделат на парчиња

Следно

Анчелоти го објави составот на Реал Мадрид за финалето на Лигата на шампионите

Latest from Blog

Турскиот претседател Ердоган ја повтори поддршката за прекинот на огнот меѓу Русија и Украина

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ја повтори поддршката за прекинот на огнот меѓу Русија и Украина, истакнувајќи дека НАТО не треба да биде дел од војната, јавува Анадолу.

Генералниот секретар на ОН ги повика земјите членки да ја зголемат поддршката за мировните операции

БЕРЛИН (АА) – Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, ги повика земјите членки денес да ја засилат поддршката за меѓународните мировни операции нагласувајќи дека сериозниот недостаток на финансии ги загрозува овие

Лажно се претставувал како вработен во Агенцијата за одземен имот и измамил граѓани за над 115.000 евра

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно физичко и едно правно лице за кои постои сомнение за сторено продолжено кривично дело – Измама од член 247 од

ФРАНЦУСКАТА ИНТЕРАКТИВНА ПРЕТСТАВА „МАЈСЕЛФС“ ГО ЗАТВОРА ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ

Дваесет и првото идание на Танц фест Скопје се затвора вечерва (20 часот) во Македонскиот народен театар (МНТ, со интерактивната кореографска претстава „Мајселфс“ (Myselves) на Кеј-данс (К-Danse) од Франција, пионери во спојувањето
Go toTop