ДИК го одби приговорот од „Европски фронт“ за изборното место во Ларце, Желино

May 27, 2024
1 min read

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево не го прифати приговорот од Европскиот фронт за прегласувањето на Изборното место 2101 во село Ларце во Општина Желино. На одлуката од ДИК кандидатите имаат право на тужба до Управниот суд кој, пак треба да одлучи во рок од 48 часа по приемот на тужбата.

Овластениот претставник на „Европски фронт“, адвокат Ана Жаревска од канцеларијата на адвокат Мефаил Арслани истакна дека приговорот се однесува на повреди на постапката за гласање, како и за постапката за утврдување и сумирање на резултатите.

-Приговорот за заштита на избирачко право на подносители на листи од страна на коалицијата Европски фронт се однесува за избирачкото место 2101 за општина Желино. Се однесува на повреди на постапката за гласање, како и за постапката за утврдување и сумирање на резултатите, поточно не се почитувани одредбите од член 151 став 1 алинеја 1, 2, 6 и 7 од Изборниот законик. Образложенијата во поглед на повредите се дадени во самиот писмен приговор. Поради сите наведени причини предлагам ДИК да го отвори во целост и да го прегледа изборниот материјал и да го уважи приговорот и да го поништи гласањето, рече Жаревска.

По ова излагање на Жаревска, во процедурална забелешка членот на ДИК, Борис Кондарко побара застапникот на приговорот да ги образложи основите и причините за приговорот.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Торта со АФИОН која дефинитивно мора да ја пробате

Следно

Гачевски најави амбициозен Вардар во новата сезона: Одиме по титула!

Latest from Blog

„Ќе го воскреснам Скопје“ – Орце Ѓорѓиевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Орце Ѓорѓиевски влегува во трката за градоначалник на Град  Скопје од  редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Одлуката ја донесе Извршниот комитет на партијата, каде во конкуренција за прв човек на Скопје неофицијално се споменуваа

Кога различноста кај младите зборува во еден глас: Овој простор им припаѓа на сите

Групната изложба „Овој простор им припаѓа на сите“ се состои од дела на четворица млади уметници, кои за првпат се претставуваат заедно во ваков формат. Џемилиана Абдулова, Бурџу Мусли, Марко Печеновиќ и

Koj e Орце Ѓорѓиевски кој претендира да биде следен Скопски татко?

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави дека актуелниот прв човек на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, ќе биде партискиот кандидат за градоначалник на Скопје на претстојните локални избори. Кога Орце Ѓорѓиевски во ноември

Познатиот турски древен локалитет Ѓобеклитепе главна атракција за туристите од цел свет

ШАНЛИУРФА (АА) – Ѓобеклитепе, древно светилиште во Југоисточна Турција и заштитено подрачје на УНЕСКО, стана главна атракција за туристите од цел свет, зацврстувајќи ја својата улога како темел на регионалниот и националниот

Пред посетата на САД, израелскиот претседател го повика Нетанјаху да постигне договор за прекин на огнот во Газа

ЕРУСАЛИМ / ИСТАНБУЛ (АА) – Израелскиот претседател Исак Херцог денес го повика премиерот Бенјамин Нетанјаху да постигне договор за прекин на огнот во Газа и размена на затвореници пред неговото патување во
Go toTop