Франција започнува голема опереација во Нова Каледонија

May 19, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Франција денес започна операција од големи размери со повеќе од 600 припадници на жандармеријата во Нова Каледонија, колонија оддалечена 17.000 километри од територијалните граници на Франција, за да ги сузбие инцидентите што ги започна локалното население како одговор на давањето избирачко право на државјаните на Франција, известува Анадолу.

„Операцијата вклучува околу 600 припадници на жандармеријата“, објави францускиот министер за внатрешни работи Жерард Дарманин на социјалната мрежа Х.

Тој истакна дека цел на операцијата е повторно воспоставување на ред и враќање на контролата над главните патишта во должина од 60 километри меѓу Нумеја, главниот град на Нова Каледонија и аеродромот.

„Со помош на националната жандармерија и полицијата, отстранети се околу 60 барикади на патиштата“, соопшти Високата комисија на Републиката во Нова Каледонија.

„Повеќе од 200 луѓе се приведени, а 20 продавници за храна повторно се отворени во регионот“, изјави Дарманин.

Министерот за внатрешни работи додаде дека Владата на Франција знае дека има уште многу барикади што треба да се остранат и им издала наредба на единиците за спроведување на законот.

Најмалку 6 лица се убиени во нередите, а стотици се приведени од понеделникот досега.

Немирите настанаа како реакција на оценката за уставноста на одлуката што за Нова Каледонија ја започна Дарманин. Доколку законските измени бидат усвоени, на секој француски државјанин што непрекинато престојувал во Нова Каледонија последните 10 години би му било дозволено да гласа на локалните избори. Локалното население стравува дека таквите законски измени би ги „разводниле“ гласовите на автохтоното население.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, во средата прогласи вонредна состојба на архипелагот и распореди воен персонал во регионот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФОТО: Ева Лонгорија во фустан кој ги истакнува атрибутите, оваа креација ќе сакате да ја видите од секој агол

Следно

Беше многу емотивно, но издржавме да не пуштиме солзи- вели Драган Стојаноски, син на легендарниот пејач Војо во чија чест се одржа концерт

Latest from Blog

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач

ФОТО: Дали имате природен магнетизам? Првото нешто што го забележувате открива дали…

Овој интересен визуелен тест ја користи перцепцијата како забавен начин за да ѕирнете во вашиот внатрешен свет. Ве повикува да истражите како вашите први импресии од една едноставна слика може да ги

Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден

Како човек кој секојдневно е во директна комуникација со Вас, медиумите и новинарите, чувствувам обврска јавно да реагирам. Премолчувањето во вакви ситуации би значело дека се откажуваме од одговорноста што ја имаме

Хаос во Индија: Само што си замина Меси – на теренот летаа шишиња (ВИДЕО)

Посетата на Лионел Меси на Индија беше одбележана со инцидент во Калкута, каде што настана хаос откако незадоволни навивачи влетаа на теренот на стадионот „Солт Лејк“, објавија локалните медиуми. По пристигнувањето во
Go toTop