Израелските демонстранти го блокираа главниот автопат во Тел Авив барајќи размена на затвореници со Хамас

May 8, 2024
1 min read

Израелските демонстранти, вклучително и семејствата на израелските затвореници во Газа, денеска го блокираа главниот автопат во Тел Авив, барајќи договор за размена на затвореници со палестинската група Хамас.

Како што јавија израелските медиуми, семејствата на затворениците го блокираа автопатот Ајалон кој го поврзува Тел Авив со другите околни градови и населени места.

Демонстрантите носеа транспаренти со пароли како „спаси ги оние што можат да се спасат“, барајќи враќање на затворениците.

По најавата на Хамас за прифаќање на предлогот за прекин на огнот во Газа, семејствата на израелските затвореници ги интензивираа протестите за да ја притиснат израелската влада да постигне договор што ќе овозможи ослободување на затворениците.

Делегациите на Израел и Хамас наводно се во Каиро на разговори за прекин на огнот и договор за размена на затвореници, според египетски извори.

Израел продолжи со нападот на Рафа и покрај тоа што палестинското движење Хамас го прифати катарско-египетскиот предлог за прекин на огнот и размена на заробеници.

Рафа е дом на повеќе од 1,5 милиони раселени Палестинци кои избегаа од војната што ја започна Израел по нападот на Хамас на 7 октомври во кој загинаа речиси 1.200 луѓе.

Оттогаш, во израелските напади загинаа повеќе од 34.700 Палестинци, главно жени и деца и предизвикаа хуманитарна катастрофа. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Убиени повеќе од 34.800 Палестинци во израелските бомбардирања на Појасот Газа

Следно

До 15 часот: На претседателските избори излезност 32%, на парламентарните 37%

Latest from Blog

Студија: Кога станува збор за долговечноста, сонот е поважен од исхраната, физичките вежби и социјалните односи

Несоницата е нарушување кое се карактеризира со тешкотии при заспивање и одржување на квалитетен сон, што на крајот може да резултира со рано будење со чувство на недостаток на сон, замор и

Софија Вергара ги помина празниците во Виена, објави серија фотографии

Ѕвездата од серијата „Modern Family“ позираше во луксузното лоби на легендарниот хотел Захер, каде што престојуваше со својот син Маноло и пријателката Анастасија Соаре и нејзината ќерка Норвина. Божиќен гламур За празникот,

КОЉАЧОТ НА БАБАТА ИМАЛ ПАРТНЕРКА – упасени се

Припадници на Управата за криминалистичка полиција (УКП) од станот на џелатот Тихомир Крстиќ извадиле две торби полни со докази, дознава Информер на лице место. Една жена беше изнесена и од станот на

Ван Дајк: Пресреќен сум за голот на Вирц

фото: LFC Pics (X) Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, го пофали настапот на играчот од средниот ред Флоријан Вирц, кој го постигна својот прв гол за „црвените“ во саботата во натпреварот
Go toTop