Наследникот на „Нинтендо свич“ се очекува догодина

May 8, 2024
1 min read

Jапонската компанија за видеоигри „Нинтендо“, поточно претседателот Шунтаро Фурукава вети официјална најава за новата конзола пред март 2025 година. Сепак, новиот уред нема да се дискутира на информативниот настан „Нинтендо дајрект“ (Nintendo Switch) што ќе се одржи следниот месец.

„Минаа повеќе од девет години откако го објавивме „Нинтендо свич“ во март 2015 година. Настанот „Дајрект“ ќе се сосредоточи на софтверот „Нинтендо свич“ за втората половина на 2024 година, но нема да се зборуваме за наследникот на „Свич“ за време на таа презентација. Информациите за новата конзола се очекуваат во оваа фискална година“, напиша Фурукава на „X”.

Според гласините, тн. „Свич 2“, како што неофицијално го нарекуваат обожавателите, веројатно би можел да се појави напоредно на претстојната игра „Pokemon Legends: Z-A“.

Пирс Хардинг-Ролс, шеф во одделот за истражување нови игри во компанијата, за Би-би-си изјави дека некои од купувачите бараат „помоќан“ џебен уред. Сепак, „Нинтендо“ не брза со нова конзола, а не се очекуваат ниту драматични промени или големи новости.

– Од 2021. до 2023 година, Нинтендо продаде 60 милиони „Свич“ конзоли ширум светот, што значи оперативна заработка од повеќе од 10 милијарди долари. Судејќи според успехот на „Свич“, очекуваме новиот уред да има сличен облик и „да го продолжи наследството“ на оригиналниот производ, рече Хардинг-Ролс.

Се очекува новата конзола да се појави на пазарот во првата половина на 2025 година. Обожавателите, вели одговорниот, ќе знаат нешто за тоа до крајот на оваа фискална година.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Силвестер Сталоне нуди 11 свои луксузни часовници на наддавање

Следно

До 11 часот околу 21 500 гласачи не гласале за претседател

Latest from Blog

Швајцарија славеше по пенал – серијата и си закажа дуел со Аргентина! Познати се сите двојки во 1/4 финалето!

ФОТО:.facebook.com/Swiss.Nati.Men/ Швајцарија е последниот патник во четвртфиналето. Откако по истекот на регуларниот дел и по двете продолженија 2Х15 минути беше 0:0 против Колумбија, победникот беше решен по изведување на пеналите. И тоа

Тошковски – Рита Колумбија: Заедничка посветеност за поефикасна превенција и заштита од родово базирано насилство

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски остварил средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Македонија, Рита Колумбија, на која се разговарало за унапредување на соработката во областа на превенцијата и справувањето

„Турнирот е наместен! И честитам на Аргентина на титулата на ова СП!“(ФОТО)

ФОТО:x.com/Footballtweet Сите во таборот на селекцијата на Египет по поразот од Аргентина беа гневни, особено Мустафа Зико кој не го криеше своето негодување по елиминацијата во осминафиналето на Светското првенство. Поголемиот дел

Милиони луѓе присуствуваа на погребната поворка на Али Хамнеи

Погребната поворка започна од џамијата Џамкаран и продолжи по авенијата на Пророкот Мухамед, на растојание од околу седум километри, до светилиштето на Хазрат Фатима Масуме. Од раните утрински часови, областа околу светилиштето
Go toTop