Отстранет е дефектот на системот на граничните премини, се пропуштаат возила за влез и излез

February 4, 2023
1 min read

Од утринава неколку часа беше во прекин протокот на возила на граничните премини поради пад на системот. Поради тоа, на бугарските државјани кои денеска тргнаа кон Скопје да се поклонат на гробот на револуционерот Гоце Делчев им беше оневозможен влез во Македонија

Отстранет е дефектот на системот на сите гранични премини и се пропуштаат возила за влез и излез од земјава, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од утринава неколку часа беше во прекин протокот на возила на граничните премини поради пад на системот. Поради тоа, на бугарските државјани кои денеска тргнаа кон Скопје да се поклонат на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев им беше оневозможен влез во Македонија.

Ова предизвика тензии и расправии на граничниот премин „Деве Баир“ каде што бугарски државјани, поради неможноста да ја преминат границата, упатуваа навреди и недолично се однесуваа кон македонската гранична полиција.

Како што објави Бугарската национална телевизија БНТ, на списокот на македонското МВР на лица на кои денеска не би им бил дозволен влез во земјава се 14 бугарски државјани. Во објавата на БНТ нема имиња.

Од бугарската агенција Беспартиен.бг на својот фејсбук-профил објавија дека добиле забрана за влез во Македонија. Тие во прилог на информацијата објавија и документ издаден од македонското Министерство за внатрешни работи.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Две лица каснати од улични кучиња во Скопје

Следно

Снежни врнежи го зафатија северот на Сирија

Latest from Blog

Мајка на четири деца е пронајдена обесена во САД- полицијата смета дека сѐ е инсценирано

Властите изјавија дека веруваат оти нејзината ќерка, 29-годишната Тасија Форчун, веќе била мртва пред телото да биде поставено на местото на злосторството, за кое велат дека било наместено. Откривањето на телото на

Сити во небрано, спонзорите веќе ги разгледуваат договорите и размислуваат за повлекување

Манчестер сити би можел да претрпи сериозен финансиски удар доколку остане во сила одлуката во случајот за наводните прекршувања на финансиските правила во Премиер лигата. Според информациите што ги пренесуваат британските медиуми,

Не запира епидемијата на ебола во Конго, починаа речиси половина од заразените

Според најновите бројки од Светската здравствена организација (СЗО), инфекции се регистрирани во 63 здравствени зони во седум од 26-те провинции во земјата. Најновите потврдени случаи се Булу во провинцијата Суд Убанги и
Go toTop