Арсовска во посета на средното училиште „Лазар Танев“

February 4, 2023
1 min read

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вчера во средното училиште на Град Скопје „Лазар Танев“ го посети кабинетот за слаткарство, во кој секојдневно се реализира квалитетна практична настава, а учениците се стекнуваат со нови вештини и знаења во областа на слаткарството.

– Се сретнав со посветените и вредни млади луѓе од паралелките од Угостителско туристичка струка слаткари и готвачи, кои ни презентираа дел од своите вештини, со кои разговаравме за нивните успеси, за квалитетот на нивните производи и за важноста на средното стручно образование. Учениците од оваа мултинационалната паралелка својата иднина ја гледаат во кулинарството како професија со висок потенцијал за личен развој.

Во средното училиште на Град Скопје „Лазар Танев“ покрај реконструкцијата на спортското игралиште, продолжуваме и со нови проекти за опремување и развој на капацитетите на училиштето за практична настава, со цел обезбедување повисок квалитет на условите за одвивање на наставниот процес, информира Арсовска.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пентагон соопшти дека кинески шпионски балон лета и над Латинска Америка

Следно

Пендаровски со фотографии и кратка порака информираше за чествувањето на Гоце

Latest from Blog

Николоски: Инфраструктурата и капиталните вложувања во фокусот на средбата со германските компании

Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски денеска остварила бизнис-средба со претставници на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија кои веќе работат во Македонија, информираше вицепремиерот Александар Николоски. Во фокусот биле можностите за

Проданоски: Со шведска поддршка градиме современ систем за управување со отпадот

Унапредувањето на управувањето со отпадот, можностите за нови инвестиции и користењето меѓународни фондови беа теми на работната средба на градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, со шведскиот амбасадор Ола Сулстром, заменик-министерката за животна

Божиновска: Заштитата на енергетската инфраструктура од сајберзакани е постојан приоритет

Заштитата на критичната енергетска инфраструктура мора да биде постојан приоритет, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на настанот „Сајбербезбедност во енергетскиот сектор: Од проценка до отпорност – Патоказ

Бакарот станува стратешка суровина за Европа: Македонија има потенцијал да биде дел од новите синџири на снабдување

Зголемената глобална побарувачка за бакар и други критични минерални суровини го става рударството во фокусот на европските економски и индустриски политики. Во услови на енергетска транзиција и брз технолошки развој, регионот на

Коњановски: Над 164 милиони денари за улична и патна инфраструктура во Битола

Над десет километри обновена и новоизградена патна инфраструктура, повеќе од три километри водоводна и канализациска мрежа и нови 220 паркинг места се дел од резултатите што ги издвојува градоначалникот на Битола, Тони
Go toTop