САД и Канада се зафатени од поларен студ, се очекуваат температури до -51 Целзиусов степен

February 4, 2023
1 min read

Во Мејн, температурите би можеле да паднат до -51 Целзиусови степени, најави Националната метеоролошка служба

Метеоролошките служби на Соединетите Американски Држави и Канада вчера ги засилија предупредувањата за ниски температури кои можат да достигнат и до -50 Целзиусови степени во североисточниот и источниот дел на Канада, кои се погодени од ледени ветрови.

Во Мејн, температурите би можеле да паднат до -51 Целзиусови степени, најави Националната метеоролошка служба (НМС). Тоа е „епски арктички студен бран“, каков што северниот и источниот дел на Мејн не доживеале од 1982 и 1988 година, вели НМС.

Во некои делови од североисточниот дел на САД, температурите „може да го достигнат најниското ниво во последните децении или дури и рекордно ниски температури какви што досега не се забележани“, проценува НМС.

Од другата страна на границата беа издадени предупредувања за поларен студ за источна Канада, а тамошното министерство за животна средина предупреди на ризик од смрзнатини за неколку минути. Минувачите во Монтреал вчера почувствувале температура од -41 Целзиусов степен, со силни налети на ветер. Енергетската компанија Хидро-Квебек повика на зачувување на енергијата.

Во главниот град Отава, организации како Армијата на спасот им поделија вреќи за спиење на голема височина на бездомниците кои не се сместени во засолништа за да издржат на температури од -40 Целзиусови степени. Видливоста во градот во петокот вечерта беше речиси нула поради снежните врнежи и силниот ветер. И јужните делови на САД ќе бидат многу студени оваа ноќ, особено во Бостон и Њујорк, каде се очекува да биде -15 Целзиусови степени.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пациентите со цистична фиброза на протест пред Владата

Следно

Српскиот парламент гласаше против признавање на Косово, Вучиќ в понеделник за планот САД-ЕУ

Latest from Blog

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот

Муслиу згреме: Не оди повеќе вака, репрезентацијата не е зае*анција

Еден од поискусните во македонскиот состав, дефанзивецот Висар Муслиу беше разочаран, но и лут по поразот од Шкотска. Муслиу потенцираше дека некои работи веднаш мора да бидат променети. Сите фудбалери, почнувајќи од

Мечки влегуваат во дворови во Русија: 16 лица загинаа за еден месец

Најтешко погоден е огромниот регион Краснојарск во централен Сибир, каде што оваа година седум лица ги загубиле животите во напади од мечки. Руското Министерство за природни ресурси и животна средина наведува дека
Go toTop