Ковачевски: Не повикуваме на бојкот на вториот круг од претседателските избори

April 26, 2024
1 min read

Шефот на СДСМ, Димитар Ковачевски категорично ги демантира гласините дека неговата партија подготвува сценарија за бојкот на вториот круг од претседателските избори, по неповолниот резултат во првиот круг. Вели дека ги повикува граѓаните да гласаат. Од друга страна, што се однесува до одговорноста за резултатот, Ковачевски вели дека СДСМ ќе има отчетен конгрес, а потоа внатрепартиски избори. Шефот на СДСМ не наведува дали бара поддршка од некоја конкретна партија за вториот круг и се повика на изјавата на Пендаровски.

Во меѓувреме, ВМРО-ДПМНЕ не крие дека цели кон поддршка на албанските гласачи во вториот круг од претседателските избори. Од партијата на Мицкоски велат дека добиле доволно гласови од другите етнички групи во првиот округ.

И албанските партии продолжуваат со активностите на терен за да обезбедат поголема поддршка на парламентарните избори. Запрашан за можноста да се одобрат уставни измени веднаш по изборите и пред формирањето на владата, првиот човек на Беса Билал Касами вели дека измените ќе се случат без разлика со која партија ќе коалицираат.

„Владата во која ќе биде коалицијата Вреди, секако дека ќе биде влада која ќе ја гарантира интеграцијата на земјата во Европската унија. И претходно кажавме дека во таква влада ќе биде многу полесно, било со ВМРО или со која било политичка партија, да се направат уставни измени. Затоа, кога велиме дека ќе се направат уставни измени, не сме како ДУИ која десет години владееше со ВМРО и не направи ниту најмал чекор кон интеграција во ЕУ“, изјави Билал Касами, претседател на Беса.

Двајцата претседателски кандидати Гордана Силјановска и Стево Пендаровски повторно ќе се соочат во вториот круг, истиот ден кога политичките партии ќе ги одмерат силите на изборите за пратеници./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

КУГЛОФ ЗА 10 МИНУТИ: Едноставен рецепт за многу вкусен колач за секој ден…

Следно

За скромен живот, потребни се најмалку 60.000 денари месечно

Latest from Blog

Девојка е алергична на вода- потење и туширање ѝ предизвикуваат болка и осип (ВИДЕО)

Првите симптоми се појавиле пред десет години, додека сè уште пливала, а со текот на времето осипите се појавувале по секое туширање или вежбање, објави Мирор. Почетокот на проблемот „Стигна до точка

Мицкоски: Очекувам голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, ДУИ продолжува со политика на поделби

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување во поткастот „Проверитас“, истакна дека очекува убедлива историска победа на кандидатите за градоначалници кои доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а бројката смета дека ќе

Ѓорѓиевски од митинг во Гази Баба: „Ќе ја вратиме довербата во градската власт“

На голем собир во Гази Баба, кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат Бобан Стојановски, добија масовна поддршка од граѓаните под мотото „Со Бобан,
Go toTop