За европските избори во Хрватска пријавени 25 листи

April 24, 2024
1 min read

Хрватската Државна изборна комисија (ДИК) доби 25 кандидатски листи за европските избори во Хрватска, што е за осум помалку од 2019 година, јави Хина.

На 9 јуни во Хрватска ќе се одржат избори за Европскиот парламент, а на нив треба да се изберат 12 европратеници со мандат од пет години.

Со предавањето на списокот се означува и официјалниот почеток на изборната кампања, што ќе трае до 7 јуни, кога почнува изборниот молк.

Листата на ХДЗ ја предводи премиерот Андреј Пленковиќ, Божо Петров ќе биде на чело на листата на Мост, Иван Пенава на Татковинското движење ( Домовински покрет), додека листата на коалицијата собрана околу СДП ќе ја предводи Билјана Борзан.

Јунските избори за Европскиот парламент ќе бидат четврти по ред од влезот на Хрватска во Европската унија, при што првата постава на хрватски европратеници избрана во 2013 година имаше мандат од само една година, бидејќи веќе следната година се одржаа редовни европски избори.

Европските избори во Хрватска се втор изборен циклус годинава во земјата, по парламентарните избори одржани на 17 април, а на крајот на годината ќе се одржат и претседателските избори

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Американскиот Сенат одобри 61 милијарда долари помош за Украина

Следно

Египет: „Ќе има уште повеќе гласови за поддршка на признавањето на државата Палестина како полноправна членка на ОН“

Latest from Blog

Проданоски: Со прилепските компании разговаравме што е потребно за нови инвестиции и работни места

Нова индустриска зона, поефикасно издавање градежни дозволи и забрзување на изградбата на обиколниците „Исток“ и „Запад“ се меѓу предлозите што прилепските стопанственици ги изнесоа на средбата со градоначалникот Дејан Проданоски. Средбата се

Владата на Бернам денеска ќе го претстави договорот со ЕУ во парламентот

Лабуристичката влада на Велика Британија, предводена од премиерот Енди Бернам, денеска во парламентот ќе претстави предлог-закон за транспонирање во националното законодавство на договорот со ЕУ, постигнат во Брисел на 20 ноември, соопшти

Општина Ѓорче Петров исплати 44 јубилејни награди за вработените во училиштата и градинката

Со исплатата се одбележува работниот стаж на вработените, а наградите се наменети за лица кои оствариле јубилеј во текот на работниот ангажман. Од општината посочуваат дека мерката е дел од поддршката за

Тешка несреќа во Египет: Најмалку 31 загинат и 21 повреден во пожар од експлозија на цистерна

Несреќата се случила во населба во Каиро. По експлозијата избувнал голем пожар, кој зафатил и околни возила.На местото на несреќата биле испратени 39 амбулантни возила, а повредените биле пренесени во три болници
Go toTop