Сакате да флертувате на суптилен начин? Тогаш искористете ги овие совети!

April 23, 2024
1 min read

Знаете ли како да го направите вашиот поглед доволно неодолив за ниту еден маж да не може да ги тргне очите од вас? Знаете ли како да го уловите неговото внимание без тој да почувствува дека паднал во вашата мрежа? Еве неколку совети за флертување кои ќе ве направат прикриена заводничка:

Играјте си со косата

Повремено префрлувајте ја косата наназад преку рамо, поминувајте со прстите низ своите прамени, ставајте ги зад увото или нежно со прстите вртете едно праменче.

Златно правило: Не претерувајте со допирањето на косата, бидејќи може да изгледа како да сте нервозни, а не како да флертувате.

Допирајте го ланчето или ѓерданот

Играњето со накитот е еден од најстарите трикови за флертување. Привлечете го неговото внимание кон вашиот врат и тој нема да може да дочека да го бакне. Поиграјте си со ланчето или пак сензуално допирајте ја вашата обетка.

Златно правило: Правете нежни бавни движења за да го заробите неговиот поглед.

Нанесете кармин или сјај на вашите усни

Кога знаете дека неговиот поглед е насочен кон вас, извадете од вашата чантичка сјај или кармин, подотворете ја малку устата и нежно поминете со карминот преку усните. Неговите мисли моментално ќе станат палави.

Златно правило: Не гледајте во него додека го правите тоа, затоа што ќе изгледа премногу нападно.

Истегнете се елегантно

Чувствувате дека неговите очи се насочени кон вас? Истегнете го грбот бавно и елегантно, протегнете го вратот налево, па надесно, а може и да направите круг со раменото.

Златно правило: Додека се истегнувате, зборувајте со ваша пријателка и изгледајте како воопшто да не сте свесни дека правите заводливи движења.

Фрлете му краток поглед преку рамо

Ако тој се наоѓа зад вас или настрана, свртете ја главата и погледнете го кратко преку рамо, а потоа веднаш погледнете се на другата страна. Ако се наоѓа пред вас, држете ја главата наведната надолу, и кренете го само погледот кон него (исто како да гледате преку трепките), а потоа вратете го погледот надолу или погледнете се настрана.

Златно правило: Погледот треба да трае 2-3 секунди, но не подолго.

Навалете ја главата настрана кога зборувате со него

Телото свртете го кон личноста којашто сакате да ја освоите, рацете држете ги опуштени и навалете ја главата на едната страна. Љубовните експерти велат дека со навалувањето на главата на едната страна жената му дава до знаење на мажот дека е заинтересирана за него и дека внимателно го слуша секој негов збор.

Златно правило: Не ги држете рацете прекрстени додека флертувате со некого. Тоа е знак на затворено однесување.

Дајте му краток „невин“ допир

Наместо да го прашувате колку е часот, посегнете по неговата рака, фатете го за зглобот и видете го неговиот часовник. Или пак, додека зборувате, посегнете по јаката на неговата поло маица или кошула за да му ја наместите. Ако сте уморни и седите до него, наведнете ја главата на неговото рамо.

Златно правило: Сè што е кратко е послатко. Ако предолго го допирате, ефектот нема да биде толку силен.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Раста итно хоспитализиран, раперот со неподносливи болки

Следно

Светиот свештеномаченик Антипа епископ Пергамски во Азија

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе предводам уште една голема победа над СДСM на наредните избори

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема амбиција да биде кандидат за претседател на државата, нагласувајќи дека неговата цел е како лидер на ВМРО-ДПМНЕ да ја предводи партијата кон нова убедлива победа на

Пожар во болница во северна Германија: Сите пациенти евакуирани, има загинати

Болницата беше целосно евакуирана откако избувна пожарот, а противпожарната служба соопшти дека за пациентите се грижат на безбедна локација во рамките на болницата, пренесува „Тагесшау“ (Tagesschau). Според првичните информации, пожарот избувнал во

Труење со храна во прилепски „Микросам“ кај 41 работник, затворени кујната и трпезаријата

Вкупно 41 вработен во прилепската компанија „Микросам“ покажале симптоми на труење со храна по оброкот што го консумирале во понеделникот, според информации од Центарот за јавно здравје – Прилеп. Според епидемиолозите, на

Николоски: Продолжуваат инвестициите во Неготино, во тек се проекти вредни над четири милиони евра

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалничката на Неготино, Марија Нацева, изврши увид во реализацијата на неколку значајни инфраструктурни проекти во општината.
Go toTop