Младиот Андреј го живее ракометниот сон: Во Швајцарија бележи спортски успеси, а Македонија ја носи во срцето

April 19, 2024
1 min read

Младиот Македонец Андреј Јанески го живее својот спортски сон. По успесите во Македонија, тој со семејството се пресели во Швајцарија. Во оваа земја која нуди многу можности за младите спортисти, Андреј игра со полно срце, но мислите и емоциите му се сепак дома, во Македонија.

Ова момче е родено во Прилеп и на само 7-годишна возраст почна да го исполнува својот сон – да биде ракометар. Редакцијата на КУРИР, уште пред осум месеци пишуваше за овој млад талент, а сега го контактиравме повторно.

-Ви благодарам што ме следите мене и моето напредување во ракометната кариера. Јас сè уште играм во HC TV SOLOTHURN во кантонот SOLOTHURN каде  што учам и живеам со моите родители. Од оваа сезона сум преместен да играм во повисока генерација и лига. Играм во генерацијата U19,  а исто имам и добиено двојна регистрација за да можам да играм и за А и Б тимот на кантон SOLOTHURN кои се натпреваруваат во елитната лига на Швајцарија, ни кажа тој.

Андреј пред себе си поставил нов предизвик во однос на позициите.

-Можам да се пофалам дека покрај мојата постоечка позиција Пикер пробувам да играм и на позиција лев Бек. Ова за мене значи голем исчекор нанапред во развојот како професионален ракометар, открива тој.

Го прашавме што значат новите дозволи и дали се тие чекор поблизу до исполнување на неговата цел.

-Со дозволата за играње за А и Б тимот се добива статус за потпишување на професионален договор со што ќе се оствари мојот најголем сон да се бавам професионално со ракомет, ни кажа Андреј.

Вложува максимум за свој индивидуален успех, но ракометот е екипен спорт, па секако, ни се пофали и со успехот на екипата.

-Во оваа сезона би можел да се пофалам дека како екипа успеавме да се избориме за натпреварување во ИНТЕР КУП  кој важи за еден од најдобрите во Швајцарија. Исто така пред мене и мојот клуб претстои еден тежок натпревар овај викенд со екипата на АРГАУ и доколку го добиеме и овај натпревар ќе биде најголем успех за мојот клуб до сега бидејќи ќе се пласираме на ниво на U19 за прв пат во најелитната лига т.е.борбата за титула на ниво на Швајцарија, рече младиот ракометар.

Редовно го следи македонскиот ракомет, а има и свои идоли.

-Македонскиот ракомет го следам постојано како за помалите категории така и Македонската супер лига. Од ракометарите иако пензиониран би го издвоил Столе Стоилов. Меѓу омилените ми е Пешевски, а од другите Кузманоски, вели Андреј.

Кога летово разговаравме со него, ни ја откри големата желба, еден ден да заигра под боите на македонското знаме. Како што ни откри, Македонија му е во срцето, каде и да живее.

– Да, таа желба сè уште ја имам и никогаш нема да се откажам еден ден да заиграм за Македонската ракометна репрезентација. Сепак јас иако живеам во Швајцарија, Македонија е местото каде сум роден и пораснат. Иако мала земја, но ја носам во срцето, ни кажа Андреј.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Како еден наш омилен медиум ни стана бљак

Следно

На рацете носи цело богатство: Александра заработува многу, но и троши премногу

Latest from Blog

Полицајци не можеле да одолеат- направиле селфи со секси инфлуенсерка, биле казнети па помилувани (ФОТО)

Контроверзниот клип се појави на TikTok во март 2024 година, на кој се прикажани полицајците Стивен Џонс и Грег Тунок како се приближуваат кон инфлуенсерката во Единбург. Дозволата им била одземена Поради овој

Петар Јанков за Струмица: На изборите Струмица донесува важна, храбра и историска одлука за промени

Петар Јанков е кандидатот за градоначалник на Општина Струмица од ВМРО-ДПМНЕ. Одлуката вечерва ја соопштија од партијата по седницата на Извршниот комитет. -Голема благодарност до сите Вас за поддршката што ми ја

ВМРО-ДПМНЕ го кандидира Проданоски за градоначалник на Прилеп

Вечерва Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги избра кандидатите за градоначалници во повеќе општини. За Прилеп, кандидат е Дејан Проданоски, актуелен пратеник во Собранието од редовите на партијата и поранешен претседател на Советот
Go toTop