Ердоган за вестите за израелски напади врз Иран: Двете страни даваат различни изјави

April 19, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека и Израел и Иран даваат различни изјави во врска со вестите за израелски напад врз Иран рано утрово, како и дека има нејаснотии, јавува Анадолу.

„Во моментов, Израел кажува различни работи, а Иран исто така изнесува различни ставови, односно нема јасна изјава за тоа што се случило“, изјави Ердоган за новинарите во Истанбул.

Тензиите меѓу Иран и Израел ескалираа во саботата, откако Техеран изврши напад со беспилотни летала и ракети како одговор на нападот на иранскиот Конзулат во Сирија на 1 април, во кој загинаа седум ирански воени офицери, од кои двајца команданти од највисок ранг.

Според јавувањата на американските медиуми, Израел извршил „ограничен напад“ во Иран рано утрово. Сè уште нема официјални изјави од Израел.

Ердоган, исто така, ја критикуваше одлуката на САД за вето на кандидатурата на Палестина за полноправно членство во Обединетите нации (ОН).

Во Советот за безбедност на ОН, „видовме дека САД стојат покрај Израел со ставањето вето на кандидатурата за полноправно членство на Палестина“, додаде тој.

„Додека сите застанаа покрај Палестина (во однос на нејзиното полноправно членство во ОН), за жал, САД го покажаа својот став застанувајќи на страната на Израел“, рече тој.

Коментирајќи за претстојната посета на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на Туркије „како еден вид возвратна посета“, Ердоган рече дека посетата ќе биде „значајна пресвртница“ во билатералните односи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Блинкен: САД не можат да поддржат голема израелска воена операција во Рафа

Следно

Тв серијал „Од неформалната страна со претседателските кандидати“- Маским Димитриевски

Latest from Blog

Орце Ѓорѓиевски на терен: Општина Кисела Вода ги санира последиците од невремето

По силното невреме што попладнево го зафати Скопје, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, заедно со екипите излезе на терен за санирање на последиците. На повеќе локации се расчистуваат паднати дрвја

Јаневска: Учебници ќе има по сите предмети и во основното и во средното образование

Учебници ќе има за сите ученици во основните и во средните училишта. Најголем дел од нив, 90 проценти се веќе доставени во училиштата додека останатите 10 проценти ќе бидат доставени во првата

Меџити: Бадинтеровото мнозинство е гарант за еднаквост и стабилност

На настан во Чаир, кандидатот за градоначалник од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, беше прашан за последните изјави во врска со Бадинтер. Меџити нагласи дека Бадинтер и Охридскиот рамковен договор се темелите на

Бундеслига: Баер (Л) се изгуби под водство на Тен Хаг, испушти победа во Бремен (ВИДЕО)

Првите денешни четири натпревари во второто коло од германската Бундеслига донесоа интересен фудбал и прилично голем број на погодоци, особено на мечот во Бремен, каде екипата на Вердер со играч помалку успеа

Дурловски промовира видео за песната „Цела се Битола расплака за Александар Турунџев“

 По повод 120 години од погубувањето на големиот јунак Александар Турунџев, оперскиот пејач Игор Дурловски денеска го промовира видеото за песната „Цела се Битола расплака за Александар Турунџев“.  Дурловски песната ја изведува
Go toTop