Фон дер Лајен на границата на Финска со Русија, се врши проценка на безбедносната состојба

April 19, 2024
1 min read

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, денеска, на 19 април, рече дека одлуката на Финска да ги затвори своите гранични премини со Русија поради зголемувањето на мигрантите е безбедносно прашање што Европската Унија треба да го разгледа.

„Сите знаеме како рускиот претседател Владимир Путин и неговите партнери ги користат мигрантите како инструмент за да ја тестираат нашата одбрана и да се обидат да не дестабилизираат“, рече Фон дер Лајен во Финска, за време на обиколката на делот од границата лоциран на Арктикот.

„Сега Путин се фокусира на Финска, што секако е одговор на нејзината силна поддршка кон Украина и пристапувањето во НАТО“, додаде таа.

На 4 април Финска одлучи да го продолжи затворањето на своите гранични премини со Русија „до понатамошно известување“, поради високиот ризик од организирана миграција од страна на Москва.

Владата на Финска затвори осум од деветте контролни пунктови со Русија.

Единствениот што останува отворен е оној за железнички сообраќај, а низ него минуваат претежно товарни возови. Финска дели 1.340 километри копнена граница со Русија.

Извор: alsat.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пет лица загинаа, двајца се исчезнати во поплавите во Казахстан

Следно

Туркије ги повика Израел и Иран на воздржаност од чекори што можат да доведат до поширок конфликт

Latest from Blog

Загина девојче (9), сестричката се бори за живот по тешка сообраќајка во Грција- биле на одмор, мајката се забила во дрво

Девојчињата биле во автомобилот со нивната мајка кога се случила несреќата. Според медиумските извештаи, несреќата се случила на покраинскиот пат Катерини-Дион во Неа Ефесос, кога, под сè уште нејасни околности, мајката ја

Највисокиот мост во светот успешно ги помина тестирањата – ќе ги руши сите рекорди

Тестирањето на оптоварувањето на мостот Хуаџијанг Гранд Кањон, оценет како највисок мост во светот, е успешно завршено во покраината Гуиџоу во југозападна Кина, пред неговото закажано отворање кон крајот на септември, објави

„ЗНАЕШ КОЈ ТИ ПОМОГНА ДА ИЗБЕГАШ И КОЈ ЛОБИРАШЕ ДА ТЕ ВРАТАТ, ПОМОГНИ СЕГА“ Дали смс пораки со ваква содржина се испраќани од човек на ДУИ до унгарски мобилен телефон?

2 Во партијата ВЛЕН добиле потврда дека пред неколку недели имало панична комуникација на ДУИ со ВМРО-ДПМНЕ во врска со кандидатурата на Бујар Османи за градоначаник на скопската општина Чаир, брифираат партиски

Мицкоски: Голема Богородица нè потсетува на вечните вредности на семејството, љубовта, жртвата и надежта, кои со векови го крепеле македонскиот народ

Големиот христијански празник Голема Богородица нè потсетува на вечните вредности на семејството, љубовта, жртвата и надежта, кои со векови го крепеле македонскиот народ, посочува премиерот Христијан Мицкоски во честитката до верниците по
Go toTop