ПОЕЗИЈА И ФОТОГРАФИИ ОД АНТЕ ПОПОВСКИ ЌЕ СЕ ДИГИТАЛИЗИРААТ ПРЕКУ СКОПСКАТА БИБЛИОТЕКА „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“

April 5, 2024
1 min read

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје ќе го дигитализира творештвото на поетот, есеист и политичар Анте Поповски (1931-2003).

Од Библиотеката соопштија дека потпишале договор со Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски „Антево перо“, за добивање дигитализирани материјали од неговиот опус, како и правата за дигитализација на книги и некнижен фонд од неговата приватна архива.

Директорката на Библиотеката, Снежана Стојчевска вели дека целокупното творештво и дејност на „великиот Анте е од непроценливо значење за македонската култура и сметаме дека како институција сме должни да го заштитиме и промовираме денес, но да го оставиме достапно и за идните генерации“.

Дигитализацијата на најголемиот дел од неговите книги, фотографиите и дел од личната преписка со значајни творци од 20. век е направена од Атина Цветаноска, член и еден од основачите на Здружението.

„Овие материјали во дигитална форма ги отстапуваме на Библиотеката, бидејќи тоа значи поголема достапност за што повеќе почитувачи на Антевото дело, идни истражувачи на неговото творештво, неговата општествено-културна работа и силните заложби за зачувување на македонскиот јазик “, велат Александар и Жорж, синови на Анте Поповски и основачи на Здружението.

Дигитализираните единици ќе се поставуваат на платформата Дигитална библиотека во посебна секција. Во првата фаза, предвидено е поставување дигитална верзија од книгите: „Одблесоци“, „Вардар“, „Непокор“, „Камена“, „Тајнопис“, „Љубопис“, „Сина песна“, „Глас од дамнина“, „Провиденија“„Света песна“ и „Две тишини“.

Ќе бидат поставени и фотографии од личниот и професионалниот пат на Поповски, почнувајќи од најстарата зачувана фотографија од 1932  на која е тој има една година и е заедно со родителите. Во делот со преписките ќе бидат поставени дигитализираните верзии од коресподенциите со двајца добитници на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата (СВП) Рафаело Алберти (1979) и Хусто Хорхе де Падрон (1990), меѓу другото многу значајни и за македонскиот јазик и идентитет.

Договорот за дигитализација на творештвото на Поповски се совпаѓа и со два големи јубилеја 60 години од објавувањето на неговата книга „Непокор“ и 40 години од објавувањето на „Сина Песна“.

На крајот од оваа година предвидена е и јавна презентација на сработеното пред студентите по филологија.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Османи и Таравари заборавија на билбордите да напишат и на македонски јазик?  

Следно

Пјастри беше на врвот во класификацијата во чудниот втор тренинг во Јапонија

Latest from Blog

Фатен осомничениот за убиството на Чарли Кирк – таткото клучен во неговото апсење

Маж осомничен за убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк е уапсен, а клучна улога во неговото предавање одиграл неговиот татко, објави CNN, повикувајќи се на извори блиски до истрагата. Според информациите, 22-годишниот

„Мајкрософт“ се согласи да овозможи интероперабилност со конкурентските алатки за комуникација

Компанијата „Мајкрософт“ се согласи на измени во своите практики со цел да ја отстрани загриженоста на Брисел поради поврзувањето на популарната платформа за тимска соработка Мајкрософт Тимс со нејзините апликации Ворд, Ексел,

Божиновска: Рекорден интерес за субвенции за инвертер клима-уреди – 3.954 апликации досега

Голем интерес за субвенциите за набавка на инвертер клима-уреди што ги доделува Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Според податоците на институцијата, заклучно со 12 септември годинава пристигнале вкупно 3.954 апликации

Комерцијална, Алкалоид и Стопанска банка со најголем дневен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Петочната сесија на Македонската берза беше обележана со значително зголемена активност, со вкупен промет од 58,9 милиони денари,
Go toTop