Харадинај за динарот: Импровизации на владата на Курти, Србија создава предност

April 5, 2024
1 min read

Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово, поранешниот премиер Рамуш Харадинај, разговорите меѓу Косово и Србија во Брисел за прашањето за српскиот динар ги нарече „импровизации на владата“ на Албин Курти што се штетни за Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во изјава за порталот „Економија онлајн“ (ekonomiaonline.com), Хардинај вели дека поради таквите постапки на Курти, косовските сојузници се огорчени и дека одложувањата во решавањето на прашањето на забраната за користење на српската валута во Косово, оди во прилог на Србија.

– Не е нешто ново, за жал, тоа се главно импровизации на владата, значи не се нешто сериозно и не го носат потребниот резултат. Така што, гледате дека имаме огорченост, кажано со народен јазик, од сите наши сојузници кон Косово, токму поради таквите постапки на владата, изјави Харадинај.

Поранешниот премиер вели дека Косово треба да се фокусира на спроведувањето на француско-германскиот план за постигнување договор меѓу Приштина и Белград, додека одолговлекувањето на решавањето на прашањето на динарот ѝ дава предност на Србија.

– Сметам дека треба да се фокусираме на главната тема, а тоа е имплементацијата на договорот, познат како француско-германски план, се разбира со обврските кои се преземени. Бидејќи, доколку ги спроведеме овие обврски од Советот на Европа и од кандидатурата за членство во ЕУ и во НАТО, стагнацијата во прашањето за динарот е прашање кое нè уназадува и секако создава предност за Србија. Реално Србија ги користи овие против Косово, рече Харадинај.

Главниот преговарач на Косово во дијалогот со Србија, вицепремиерот Бесник Бислими, по последната рунда преговори вчера во Брисел за прашањето на користењето на српскиот динар во Косово, изјави дека Приштина се согласува со предлогот на емисарот на ЕУ, Мирослав Лајчак, додека Србија не е подготвена за компромис и побарала дополнително време. Бислими не кажа за каков предлог се работи. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Каков облик ќе добие долго одложуваната американска помош за Украина?

Следно

Во Газа убиени уште 54 Палестинци, вкупниот број се зголеми на 33.091

Latest from Blog

Албанија прва во светот ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција

Албанскиот премиер Еди Рама на седница на Националното собрание на Социјалистичката партија ја претстави првата министерка во историјата, креирана со вештачка интелигенција, наречена Диела. Рама, кој го почнува својот четврти мандат, изјави

Синот на Роналдињо потпиша за Хал Сити

фото: Hull city (X) Синот на бразилската фудбалска легенда, Роналдињо денеска потпиша за англискиот клуб Хал Сити. Клубот од Чемпионшип, кој се наоѓа на 17-то место на стартот на сезоната, се договори

ФБИ објави: Ова е оружјето со кое бил убиен Чарли Кирк

Американското ФБИ објави нови детали за оружје пронајдено во шумска област за која веруваат дека е локацијата каде што избегал вооружениот напаѓач, пишува Би-Би-Си. Службениците потврдија за Си-Би-Ес дека станува збор за

Коњановски: Ова е само почеток на одбојкарската револуција во Битола!

Со почетокот на новата сезона, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на отворањето на новата одбојкарска платформа која ќе обезбеди подобри услови за тренинг и натпревари. „Ова е инвестиција во иднината
Go toTop