Албанија ќе амнестира 700 затвореници, казната ќе им ја намали на 400, а ќе укине и 2.700 условни казни

April 5, 2024
1 min read

Албанскиот парламент синоќа го усвои Законот за амнестија со 110 гласови “за” еден против и еден воздржан, а пред гласањето салата ја напуштија демократите приврзаници на Љуљзим Баша, јави Топ чанел.

Министерот за правда Улси Мања презентирајќи го Предлог-законот за „Кривична амнестија“, рече дека корист ќе имаат 1.100 затвореници, при што 700 ќе бидат ослободени веднаш, а на останатите 400 ќе им биде намалена казна.

Во исто време на 2.700 лица ќе им биде укината  условната казна.

– Опфатени се лица осудени со правосилна пресуда до 31 март 2024 година, што е по предлог на опозицијата. Бенефит имаат осудениците мажи кои имаат помалку од четири години затворска казна, жени и малолетни лица кои им останува уште пет години од казната. Амнестијата важи за жените над 50, мажите над 60 и лицата под 18- годишна возраст, рече тој.

Од неа се исклучени осуденици за семејно насилство, организиран криминал, трговија со голема количина дрога.

Според Мања, со ова, покрај другото, ќе се овозможи оптимизација на капацитетите во затворите.

-Имаме 5.818 лица кои моментално се во затворските институции. Од нив 3.158 се во притвор, 2.204 се осудени, а 458 се под лекарска мерка од судот. Нашата земја не само во регионот, туку во Европа, има најголем број на осудени на доживотен затвор, рече Мања.

Законот подготвен уште во септември минатата година, со помош на експерти од ЕУ, досега не беше ставен на дневен ред поради несогласувањата меѓу владејачкото мнозинство и опозицијата, чија согласност беше неопходна поради потребните две третини од 140 пратеници, колку што брои законодавниот дом.

Во Албанија последната амнестија беше онаа од 2020 година, кога беа опфатени 170 затвореници. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Ненад Koстески успешно опериран

Следно

(ВИДЕО) Повеќе загинати и повредени во силната снежна бура на североистокот на САД

Latest from Blog

Над илјада загинати и само еден преживеан во огромно свлечиште во Судан

5 Во оддалечениот регион на планините Мара, во западен Судан, најмалку илјада луѓе загинаа во огромно свлечиште, соопшти бунтовничката група Движење за ослободување на Судан/Армија (The Sudan Liberation Movement/Army). Според нив, обилните

ФИФА не сака да го регистрира Лапорт во Атлетик (Б) затоа што Ал Наср задоцнил со договорот

ФИФА ја отфрли регистрацијата на Ајмерик Лапорт во Атлетик Билбао, затоа што Ал-Наср задоцни со испраќањето на деталите за трансферот. Претходно беше познато дека Шпанците се договориле и го завршиле трансферот на

Во кој период од денот жените се најрасположени за секс, а во кој мажите?

Се’ почнува од претпоставката дека сексуалната желба е под влијание на половите хормони кои се ослободуваат во текот на менструалниот циклус. Податоците покажуваат дека слободните жени се поактивни во почетната фаза од
Go toTop