Поранешен советник на Зеленски обвинет за проневера на речиси 2,5 милиони долари

April 2, 2024
1 min read

Поранешен советник во кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска е обвинет за проневера на речиси 2,5 милиони долари од украинските железници, соопшти Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ), без да го именува осомничениот.

Во исто време, „Украинска правда“ објави, повикувајќи се на неименувани извори, дека е обвинет Артем Шило. Извор од НАБУ изјави за „Киев Индипендент“ дека во моментов не можат да ги коментираат овие наводи.

Шило претходно беше шеф на Одделот на Службата за безбедност на Украина (СБУ) задолжен за деловна истрага, тој беше разрешен во март годинава, но остана во служба на СБУ. Шило, наводно, склучил договор за купување трансформатори за украинските железници по цени многу повисоки од пазарните во 2022 година, по почетокот на војната во Украина.

Компанијата на која Шило наводно ги насочувал договорите била во сопственост на белоруски државјанин со врски со Русија, соопшти НАБУ. Инспекторите успеаја да запленат 1,3 милиони долари од банкарските сметки на лица осомничени за водење на шемата.

Во тој случај досега се приведени четири лица, соопшти НАБУ.

Извор: alsat.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ги мамеле потрошувачите: Онлајн продавница казнета со 120.000 евра

Следно

Туркије: Досега се регистрирани 29 загинати во пожарот што избувна во ноќен клуб во Истанбул

Latest from Blog

Селекцијата се врати дома и почнува подготовки за мечот со Лихтенштајн

Македонската фудбалска репрезентација се врати во земјата и веднаш започнува со подготовки за претстојниот натпревар против Лихтенштајн, кој ќе се одигра на Национална арена „Тодор Проески“. Натпреварот е закажан за недела, 7

Малинка Сиљановска Николиќ за Denar.mk: Комисијата за заштита на конкуренцијата и нејзината улога

Функционирањето на пазарната економија во Македонија сè уште се соочува со бројни предизвици – од ценовни договори меѓу компании, преку злоупотреба на доминантна позиција, до забелешки за транспарентност во јавните набавки. Комисијата

САД го укинаа издавањето визи за речиси сите Палестинци

29 САД го укинаа издавањето визи за речиси сите носители на палестински пасоши, објави „Њујорк тајмс“ во неделата. Ограничувањата се построги од оние што претходно ги објави администрацијата на претседателот Доналд Трамп

Омерагиќ: 1.848 млади фудбалери добија нова спортска опрема

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) реализираше рекордна донација на спортска опрема за 1.848 деца – пионери и помлади пионери – од младинските категории во натпреварувачкиот систем на федерацијата. Вкупно 42 екипи кои

Првачињата во Кисела Вода добија ранчиња, Ѓорѓиевски и Мицкоски им посакаа среќа

28 На самиот почеток на учебната година, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерката Весна Јаневска, го посетија ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, каде што за првачињата беа
Go toTop