Ги мамеле потрошувачите: Онлајн продавница казнета со 120.000 евра

April 2, 2024
1 min read

Онлајн продавница во Грција, која не ги доставувала нарачките, не им ги враќала парите на потрошувачите по откажана нарачка, но и која била недостапна за контакт, е казнета со 120.000 евра и е привремено затворена со цел заштита на потрошувачите, соопштија од Министерството за развој, јави дописничката на МИА од Атина.

По спроведената детална контрола од Генералниот директорат за пазар и заштита на потрошувачите од Генералниот секретаријат за трговија на Министерството за развој на Грција, биле констатирани сериозни прекршувања на законодавството за потрошувачи.

Нарачките на производите не биле доставувани во договореното време, а за доцнењето потрошувачите не биле информирани; на потрошувачите не им биле вратени парите што ги платиле, а производите никогаш не ги добиле; ги мамеле потрошувачите за достапноста на производите, иако во суштина компанијата не можела да ги исполни нарачките, а исто така била тешка тешка или невозможна комуникацијата на потрошувачите со компанијата.

Министерството за развој на Грција, како што е веќе пракса во вакви случаи со изрекување казни за компании и овој пат јавно го објави името на оналјн продавницата и паралелно ги повика потрошувачите во случај да откријат појави на нефер практики од онлајн бизниси, да поднесат пријава до Секретаријатот заштита на потрошувачи.

Надлежниот министер Костас Скрекас рече дека секој што ќе го прекрши законот ќе се соочи со последици и истакна дека контролите на пазарот ќе продолжат со несмалено темпо.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ЗА МЕНЕ ТАА Е МРТВА: Се огласи Харис по драмата со Мелина, полицијата му го одзела пиштолот – а потоа следувал вистински пресврт во полициска станица!

Следно

Поранешен советник на Зеленски обвинет за проневера на речиси 2,5 милиони долари

Latest from Blog

Путин лансира „АНТИ-Евросонг“: Плаќа луѓе да седат во публика, учествуваат и САД и Србија

Владимир Путин гја враќа Интервизија. Овој месец, рускиот претседател ќе регрутира учесници од претежно авторитарни држави вклучувајќи ги САД, Кина, Венецуела и Белорусија, за да се натпреваруваат на стар советски натпревар наречен

Тен Хаг би можел да се врати во Ајакс?!

Bayer 04 Leverkusen Saison 2025_2026 10.07.2025 Training Откако по само два месеци престој во Леверкузен доби отказ, се чини дека Ерик Тен Хаг по нешто помалку од три години ќе се врати

Љуботен стана симбол на победите на Дарко Костовски! Народот масовно застанува зад градоначалникот кој го врати достоинството на ова село (ФОТО)

Дарко Костовски уште еднаш ја докажа разликата меѓу зборови и дела. Додека другите со години ветуваа и забораваа, токму тој го презеде чекорот што многумина го сметаа за невозможен, стабилно снабдување со

Во Новаци реализирани 150 проекти: Стевче Стевановски со детали за капиталните инвестиции

Општина Новаци која е сместена во јужниот дел на Република Македонија и опфаќа 41 село, од кои 34 рамничарски и 7 ридско-планински, е значајна општина во Пелагонискиот регион. Општината е крстосница на
Go toTop