Иранскиот врховен лидер Хамнеи: Израел ќе биде казнет за нападот врз Конзулатот

April 2, 2024
1 min read

ТЕХЕРАН (АА) – Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, денес вети дека Израел „ќе биде казнет“ за нападот врз иранскиот Конзулат во сирискиот главен град Дамаск, во кој беа убиени седум воени офицери, јавува Анадолу.

Хамнеи изјави дека „злобниот режим“ ќе биде „казнет од нивниот храбар народ“, додавајќи дека иранската војска ќе го натера Израел да „зажали за своите злосторства“.

Иранската револуционерна гарда вчера објави дека во „израелски напад“ врз нејзината дипломатска мисија во Дамаск загинале седум лица, вклучително и двајца генерали.

Хамнеи им оддаде почит на генералите, велејќи дека тагата поради нивното убиство е „тешка за иранската нација, особено за оние кои ги познаваат“.

Амбасадорот на Иран во Сирија, Хосеин Акбари, за новинарите по нападот изјави дека зградата на конзуларните работи била нападната од воени авиони Ф-35 и шест проектили, обвинувајќи го Израел.

Меѓутоа, израелското воено радио објави дека иранскиот Конзулат не бил цел на нападот, туку блиската зграда која служи како воен штаб на ИРГЦ во Дамаск, без да преземе одговорност.

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси претходно денес предупреди дека „нападот на Израел“ врз зградата на Конзулатот на неговата земја во Дамаск нема да остане без одговор.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Орбан в четврток во официјална посета на БиХ

Следно

Нетанјаху призна дека Израел е одговорен за убиството на 7 хуманитарни работници: „Тоа не е намерно, тоа се случува во војна“

Latest from Blog

Екс-селекторот на Белгија на клупата на Фенербахче: Тедеско го наследи Мурињо

Доменико Тедеско е нов тренер на Фенербахче. 39-годишниот Италијанец попладнево и официјално беше потврден за наследник на Жозе Мурињо во турскиот клуб. Преговорите со поранешниот тренер на Спартак (М) и на белгиската

Отворен изборниот штаб на ВЛЕН во Чаир – Меџити: Нашата борба е за улици, училишта и иднината на младите

Вечерва во срцето на Чаир, првиот вицепремиер и кандидат на ВЛЕН за градоначалник на општината, Изет Меџити, го прогласи за отворен изборниот штаб. Но, ова што требаше да биде само отворање на

Публиката во Битола – дванаесеттиот играч на Македонија

Битолската публика, која во огромен број го исполни стадионот „Петар Милошевски“, со несебичната поддршка за нашите фудбалери беше вечерашниот дванаесетти играч на натпреварот помеѓу Македонија и Италија. Енергијата на трибините, спортскиот дух
Go toTop