Мареј се откажа од турнирите во Монте Карло и Минхен

March 29, 2024
1 min read

Шкотскиот тенисер Енди Мареј (36) ќе ги пропушти Мастерсот во Монте Карло и Отвореното првенство во Минхен следниот месец бидејќи се закрепнува од тешката повреда на зглобот на Мајами Опен, објави денеска неговиот тим.

Мареј го повреди зглобот во решавачкиот сет на мечот против Чехот Томаш Мачац, кој на крајот победи со 5-7 7-5 7-6(5) и тогаш изјави дека ќе биде надвор од теренот „долго време“.

„По консултација со својот тим и медицинските експерти, Енди Мареј донесе одлука да ги пропушти Мастерсот Ролекс Монте Карло и БМВ Опен Минхен, се вели во соопштението на неговиот тим.

Засега не е познато колку долго Мареј ќе паузира.

Поранешниот светски рекет број еден и трикратен грен – слем шампион претходно изјави дека не планира „да игра долго летово“, но се надева дека ќе се натпреварува на својата втора Олимпијада.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Израел призна дека нема да може да го уништи Хамас без САД

Следно

„Хуавеј“ минатата година со двојно поголем профит

Latest from Blog

Милионер кој троши богатство за да живее вечно, со предупредување: Избегнувајте го попладневното кафе (ВИДЕО)

Џонсон, чии методи за продолжување на животот досега вклучуваа бизарни практики како што се трансфузија на крв од сопствениот син, овој пат се осврна на научна студија која открива кога е идеално

Турција издаде налог за апсење на Нетанјаху поради геноцидот во Газа

Турското судство денес издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неколку израелски функционери, наводно за злосторства против човештвото и геноцид. Според Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул, налозите за

Избрани нови членови на Македонската академија на науките и уметностите

На 21-то Изборно собрание на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), што се одржа денеска се избрани двајца редовни членови, осум дописни членови, четири членови надвор од работниот состав и двајца
Go toTop