Израел призна дека нема да може да го уништи Хамас без САД

March 29, 2024
1 min read

Израел верува дека ја има растурено главната команда на Хамас и контролната структура во централна и северна Газа, меѓутоа и понатаму останува џебови на „герила“ отпор.

Од првичните 24 баталјони на Хамас, целосно недопрени остануваат само 4 кои на време успеваат да пребегнат во Рафа, која е следна на список за инвазија.  Меѓутоа Израел верува дека е премногу доцна тие да се најдат и да бидат уништен бидејќи САД „му го свртел грбот на Израел.“

По месеци спротивставување, САД неделава дозволија О.Н. да изгласаат резолуција со која се бара итен прекин на огнот, а Белата куќа станува посебно гневна на хуманитарната ситуација во Газа.

„Ако ме прашаше ова пред еден месец, дефинитивно ќе ти кажев да (можеме да го елиминираме Хамас) бидејќи во тоа време Американците го поддржуваат Израел.

… Сега продолжува притисокот врз Израел да се постигне некаков договор, што значи дека Хамас би можел да преживее. И Хамас и Иранците играат на таа карта,“ изјавуваат израелски разузнавачки извори.

Последните процени доаѓаат откако израелските сили повторно имаат судири со единици на Хамас во делови од Газа кои претходно беа исчистени. ИДФ тврди дека во овие 5 месеца војна има убиено над 11.000 терористи и уште 15 високи команданти. Пред почетокот на војната се претпоставуваше дека Хамас брои 35.000 војници. Сега претпоставката е дека овие сили се раштркани, а некои си 18 баталјони се значително оштетени.

„Хамас повеќе не функционира како армија. Неговите единици се уништени и тие немаат централна контрола и команда.

Секоја единица делува независно, прави што тие мислат дека треба да прават, но нема контролен центар кој ги движи единиците наоколу.

Тие се во многу лоша состојба, и сега се свртени кон старомодно герила војување. Тие оперираат како герила терористи, а кога оперираш така, не ти треба инфраструктура и инсталации, одиш од куќа до куќа, се криеш, користиш базуки, гранати и исчезнуваш.

Тие ги изгубија своите команданти па сега независно делуваат. Голем број од нив се предаваат,“ изјавиле израелски извори.

Тоа што е останато од високото раководство на Хамас сега се наоѓа во Рафа, единствениот урбан центар во кој ИДФ нема влезено.

Израелска процена е дека дури и она што е останато од командата на Хамас во Рафа нема директен контакт ниту контрола над борците надвор од градот.

Израел верува дека влегувањето во Рафа е единствена шанса што ја имаат за уништување на Хамас.

„САД не го поддржува влегувањето во Рафа како претходно, па моментално картите не се добри, ова значи дека Израел мора да направи нешто драматично и драстично за да го смени моментумот и климата.

Мора да влеземе во Рафа на еден или друг начин, но многу агресивно,“ порачуваат израелски извори, според кои без тоа Хамас ќе преживее.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Димова тврди дека Заев барал да ја повлече пријавата за проневера на 2,2 милиони евра европски пари што таа ја поднела

Следно

Мареј се откажа од турнирите во Монте Карло и Минхен

Latest from Blog

Милионер кој троши богатство за да живее вечно, со предупредување: Избегнувајте го попладневното кафе (ВИДЕО)

Џонсон, чии методи за продолжување на животот досега вклучуваа бизарни практики како што се трансфузија на крв од сопствениот син, овој пат се осврна на научна студија која открива кога е идеално

Турција издаде налог за апсење на Нетанјаху поради геноцидот во Газа

Турското судство денес издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неколку израелски функционери, наводно за злосторства против човештвото и геноцид. Според Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул, налозите за

Избрани нови членови на Македонската академија на науките и уметностите

На 21-то Изборно собрание на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), што се одржа денеска се избрани двајца редовни членови, осум дописни членови, четири членови надвор од работниот состав и двајца
Go toTop