Резников: Русија планира голема офанзива на 24 февруари

February 2, 2023
1 min read

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников најавува дека Русија подготвува нова голема офанзива во неговата земја и предупреди дека таа може да почне на 24 февруари.

Резников изјави дека Москва мобилизирала илјадници војници за да може „нешто да се обиде“ на одбележувањето на годишнината од почетокот на инвазијата во 2022 година.

Со таков напад би се одбележал и Денот на бранителот на татковината во Русија, 23 февруари, со кој се слави војската.

Радио Слободна Европа пренесува дека Резников смета дека Москва сега мобилизирала околу 500.000 војници за новата офанзива.

Рускиот претседател Владимир Путин во септември 2022 година најави општа мобилизација на околу 300.000 војници, што според него тогаш беше неопходно за да се обезбеди „територијалниот интегритет на земјата“.

Резников смета дека вистинскиот број на војници кои се регрутирани и распоредени во Украина може да биде многу поголем.

-Официјално објавија 300.000, но кога ќе ги видиме војниците на границите, според нашите проценки, тоа е многу повеќе, рече Резников.

И покрај тешките борби во источниот регион Донбас, војната во последните месеци е во ќорсокак, особено откако Украина ја поврати контролата врз јужниот град Херсон.

Со исклучок на руското заземање на градот Соледар, ниту една страна не направи голем територијален напредок.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Самит на ЕУ во Украина – ветувања за поголема воена, финансиска и политичка помош

Следно

„Ковачевски и Пендаровски бидејќи не ги обелоденуваат агентурните мрежи и финансиери на бугарските клубови тие директно работат за нив“

Latest from Blog

Европската комисија препознава конкретни резултати во трансформацијата на македонската енергетика

Македонија остварува напредок во трансформацијата на енергетскиот сектор, пред сè преку забрзаниот развој на обновливите извори, проширувањето на организираниот пазар на електрична енергија и новите инфраструктурни поврзувања со соседните земји. Овие промени

Коњановски за „Алта банка“: Ги следиме насоките на Народната банка и интересите на граѓаните

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ги објави состојбите на сметките на јавните претпријатија во „Алта банка“, по барањето на дел од советниците за свикување вонредна седница. Тој порача дека, според досегашните информации,

Божиновска: Силните партнерства со Германија отвораат нови економски можности

Продлабочувањето на економската соработка и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите во Германија, на кои министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше како дел од владината делегација

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а
Go toTop