„Ковачевски и Пендаровски бидејќи не ги обелоденуваат агентурните мрежи и финансиери на бугарските клубови тие директно работат за нив“

1 min read

Ковачевски и Пендаровски бидејќи не ги обелоденуваат агентурните мрежи и финансиери на бугарските клубови тие директно работат за нив, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

„Пендаровски не може да премолчи изјава која ја даде по Совет за безбедност. Тој излезе и како заклучок кажа дека агентурни мрежи стојат зад говорот на омраз и за антимакедонското расположение кое се креира. Пендаровски да каже кој ги мотивира и создава негациите кон Македонија, јазикот, историјата и нацијата. Пендаровски и Ковачевски имаат обврска да ги заштити граѓаните и во најкраток временски рок да информираат за се што знаат, а е на штета на државата во однос на односите со Бугарија. Истовремено со месеци институциите не преземаат активности за говорот на омраза и дозволуваат негации на нацијата и историјата. Власта преку финансиските институции треба да го утврди и потеклото на парите од кои се финансирани бугарските клубови“, велат од партијата.

Од таму додаваат дека Ковачевски и Пендаровски да не глумат коментатори и да преземат активности кои со закон се должни, а со цел да спречат негации на државата, нацијата и јазикот.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Резников: Русија планира голема офанзива на 24 февруари

Следно

Црногорската опозиција се уште без договор за заеднички кандидат за претседателските избори

Latest from Blog