Средба Ердоган – Османи: Односите меѓу Туркије и Косово напредуваат

March 2, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, и претседателката на Косово, Вјоса Османи-Садриу, денес во Анталија разговараа за нападите на Израел врз Газа, билатералните односи, како и за глобалните и регионалните прашања, јавува Анадолу.

„Претседателот Ердоган истакна дека за да се поправи хуманитарната ситуација во Газа, која е влошена поради нападите на Израел, конфликтот мора да заврши што е можно побргу, хуманитарната помош мора да се достави до регионот на посакуваното ниво, а меѓународната заедница мора да преземе убедливи чекори“, соопшти Директоратот за комуникации при турското Претседателство преку платформата Х.

Двајцата претседатели, кои се сретнаа на маргините на Дипломатрскиот форум во Анталија, разговараа и за борбата против тероризмот.

„Истакнувајќи дека односите меѓу Туркије и Косово напредуваат, претседателот Ердоган нагласи дека борбата против структурите на ФЕТО на Косово е суштинска и дека мора да се постигне напредок во овој поглед“, додаде Директоратот.

Терористичката организација ФЕТО стои зад неуспешниот обид за пуч во Туркије на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а 2.734 беа повредени.

ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтирање на свои припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Колумбискиот претседател ги повика земјите од Латинска Америка да го кренат гласот против израелските напади врз Газа

Следно

Русија распиша потерница за тројца косовски полицајци

Latest from Blog

Кина одржува поморски и воздушни воени вежби околу спорниот гребен во Јужното кинеско море

Вежбата се одржа во водите и воздушниот простор околу гребенот Скарборо, кој Кина го нарекува Хуангјан Дао. Тој е побаруван и од Филипините, каде што е познат како Бахо де Масинлок. Кинеската

Најмалку 17 убиени и 15 застрелани во Јоханесбург- напаѓачите со калашникови упаднале во кафеана (ВИДЕО)

Службите за итни случаи прогласиле 13 мажи и 4 жени мртви на местото на настанот, а мотивот за пукањето се уште не е познат, се вели во соопштението на јужноафриканската полициска служба
Go toTop