Бислими: Европски плати за функционерите, а африкански за работниците

March 2, 2024
1 min read

Платите на функционерите нема да се намалат, туку минимално ќе се зголемат. Иако беше спречен пораст од 15,3%, законските измени донесоа и минимално покачување.Дел од функционерите со февруарската плата ќе добијат минимално зголемување од 500 денари, а останати и до 2000 денари. Разликата зависи од коефициентите . Просечната плата во претходната година, во 2023 година изнесуваше 36.614 денари нето.. Следната година, кога ќе се зголеми просечната плата ќе се зголемат и платите на државните функционери. Со промената на пакетот од 6 закони кои стапија на сила, платите на функционерите се коригирани .

ПРОМЕНА НА ПЛАТИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ ВО РОК ОД 1 ГОДИНА

Економистот Сами Бислими, вели дека законските измени се направени за да се ублажи револтот на граѓаните по огромниот раст од 78%. Тој вели дека платите на функционерите се најмалото зло, споредено со другите кражби во државата.

„Како може да имаме такви лидери кои не постапуваат во интерес на државата и граѓаните? Имаме европски плати за функционерите, а платите на работниците се африкански. Тоа се случајни функционери на кои им се даде шанса да заработат пари, да стекнат богатство со плати, тендери, разни работи и ја користат можноста, бидејќи нашиот народ отсекогаш имал традиција да оди со наведната глава” рече Сами Бислими, економски експерт.

За 200 директори директно именувани од Владата ќе треба да се донесе одлука за намалување на коефициентот на нивните плати на владина седица, бидејќи тие не се вклучени во ниту еден од 6 изменети закони. /Alsat.mk

Аднан Ќаили

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Официјализирање на кандидатурата на Гордана Силјановска

Следно

Колумбискиот претседател ги повика земјите од Латинска Америка да го кренат гласот против израелските напади врз Газа

Latest from Blog

Најмалку десет непалски водичи исчезнаа во лавина на Хималаите

Алпинистите го подготвуваа теренот за претстојната експедиција, јавува Би-Би-Си. Според информациите од организаторите на искачувањето, станува збор за локални водичи кои биле на почетната точка во близина на врвот Химлунг Химал, во

Манчини пресече: Десетмина фудбалери не патуваат со Италија во Турција

Роберто Манчини реши веднаш да реагира по разочарувачкиот старт на Италија во новото издание на Лигата на нации. Италијанскиот селектор направи голем „рез“ во составот и дури десет фудбалери нема да патуваат

Кина одржува поморски и воздушни воени вежби околу спорниот гребен во Јужното кинеско море

Вежбата се одржа во водите и воздушниот простор околу гребенот Скарборо, кој Кина го нарекува Хуангјан Дао. Тој е побаруван и од Филипините, каде што е познат како Бахо де Масинлок. Кинеската
Go toTop