Роберто Манчини реши веднаш да реагира по разочарувачкиот старт на Италија во новото издание на Лигата на нации. Италијанскиот селектор направи голем „рез“ во составот и дури десет фудбалери нема да патуваат со репрезентацијата на гостувањето кај Турција.
Од списокот отпаднаа Хонест Аханор, Николо Барела, Диего Копола, Самуеле Инасио, Еди Куадио, Даниел Малдини, Џанлука Манчини, Масимо Песина, Самуеле Ричи и Мохамед Али Зома.
Овој потег на Манчини доаѓа по домашниот пораз од Белгија со 0-2 во првото коло. Италија не го покажа нивото што се очекуваше од неа, па селекторот реши да направи промени уште пред вториот натпревар.
И Турција ќе влезе во дуелот со Италија по пораз на стартот. Турците на домашен терен беа совладани од Франција со минимални 0-1, па и двете селекции се без освоен бод по првото коло.
Токму затоа утрешниот дуел во Турција ќе има големо значење за двете репрезентации. Натпреварот започнува во 20:45 часот, а и Италија и Турција ќе се обидат со победа да го поправат впечатокот од стартот на Лигата на нации.
Извор: sportmanija.mk


