Русите и денеска се собираат на гробот на Навални

March 2, 2024
1 min read

Еден ден по погребот на најпознатиот руски опозиционер и активист,  Алексеј Навални, неговите поддржувачи продолжуваат да го посетуваат и да му одаваат почит на неговиот гроб на гробиштата Борисов, невознемирени од присуството на полицијата, јави Хина. 

Независните руски медиуми јавуваат дека полицијата дозволува пристап до гробот и полагање цвеќе. 

На снимка од гробот може да се забележи мноштво цвеќиња и венци, руски православен крст и фотографија од насмеаниот Навални.

Властите тврдат дека тој починал од природна смрт на 16 февруари во затвор во арктичкиот регион Јамал, но сè уште не се познати околностите за неговата смрт. 

По вчерашниот погреб, неговиот тим уште еднаш нагласи дека опозицијата, побегната во странство, ќе ја продолжи борбата против корупцијата на руските власти и политичкиот апарат на претседателот Владимир Путин.

Наследството на Навални ќе остане живо „се додека има милиони луѓе во Русија и во светот кои не се рамнодушни кон него. Затоа не смееме да се откажеме“, наведоа оттаму. 

На денот на погребот се одржаа настани низ целата земја, што беа проследени со десетици апсења. Платформата OVD-Info утринава објави дека имало повеќе од стотина апсења во дваесет градови низ Русија, а најмногу во Новосибирск- 20. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот министер Фидан во Анталија оствари средба со министерот Османи

Следно

Невидено невреме во Сплит : Багери ги чистат наносите на град (ВИДЕО)

Latest from Blog

Општина Битола: „Чкембари“ слават 41 година – подготвен спектакл за „осмиот играч“

Општина Битола и РК „Еурофарм Пелистер“ подготвуваат посебна фан-зона „Осмиот играч“ по повод 41 година од постоењето на навивачката група „Чкембари“. Фан-зоната ќе биде отворена во среда од 18:00 часот на платото

Најмалку десет непалски водичи исчезнаа во лавина на Хималаите

Алпинистите го подготвуваа теренот за претстојната експедиција, јавува Би-Би-Си. Според информациите од организаторите на искачувањето, станува збор за локални водичи кои биле на почетната точка во близина на врвот Химлунг Химал, во

Манчини пресече: Десетмина фудбалери не патуваат со Италија во Турција

Роберто Манчини реши веднаш да реагира по разочарувачкиот старт на Италија во новото издание на Лигата на нации. Италијанскиот селектор направи голем „рез“ во составот и дури десет фудбалери нема да патуваат
Go toTop