Македонски Бугари во Брисел на средба со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји

January 30, 2023
1 min read

Претставници на македонските Бугари оваа недела ќе остварат средба со Комесарот за проширување и добрососедство на Европската унија, Оливер Вархеји, јавува БГНЕС. На средбата еврокомесарот одат Петар Колев и Георги Трендафилов од Граѓанско-демократската унија како и Љупчо Георгиевски од бугарското здружение „Ванчо Михајлов“ од Битола. Тие во своето најавно писмо до еврокомесарот се жалат на притисоци врз бугарската заедница во Република Македонија како и немање дијалог со локалната и централната власт. Најавена тема на средбата, според бугарските медиуми, пишуваат институционална омраза и системска дискриминација кон бугарската заедница во државава.

„Секојдневната стигматизација на нашата бугарска заедница и неможноста за воспоставување дијалог со локалните и националните власти создаваат предизвици за нашата заедница кои често ги надминуваат нашите индивидуални и колективни можности. Искрено се надеваме дека дијалогот со вас ќе придонесе за намалување на секојдневниот притисок врз нас – граѓаните на РСМ, кои не се плашат, и покрај ризикот од дискриминација и говор на омраза, отворено да го браниме нашето македонско бугарско наследство и идентитет“, се вели во писмото.

Најавата за оваа средба доаѓа по инцидентот со охриѓанецот и секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков.

Пред неколку дена бугарскиот претседател Румен Радев во телефонски разговор со Вархеји му порачал дека Европската унија мора да ги гарантира правата и безбедноста на Бугарите во Македонија со истата енергија, според Радев, со која се инсистирало на забрзување на македонските евроинтеграции.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕУ и СЕ продолжуваат да им помагаат на земјите кандидати во реформските процеси

Следно

Реал – Барселона во полуфиналето од Купот на Шпанија

Latest from Blog

Божиновска: Со понискиот ДДВ го намалуваме ударот од цените на горивата

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, информира дека Владата ја продолжи мерката со која ДДВ за дизелот се задржува на повластена стапка од 10 проценти, до 12 октомври. Божиновска

Мурињо требало да биде тренер на Барселона во периодот пред Гвардиола да пристигне на „Камп Ноу“

Приказната на Жозе Мурињо со Барселона можела да тргне во сосема поинаков правец. Долго пред да стане еден од најголемите ривали на Каталонците како тренер на Реал Мадрид, португалскиот стручњак бил исклучително

74 милиони денари промет на Македонската берза, МБИ10 со минимален пад

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 28.09.2026 заврши со минимален пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.722,45 поени. Во
Go toTop