Три лица загинаа во руското гранатирање на Херсон

January 29, 2023
1 min read

Двајца мажи и една жена загинаа во руското гранатирање на градот Херсон во јужниот дел од Украина, соопштија регионалните власти. Во нападот се оштетени голем број на инфраструктурни објекти, а покрај загинатите има и 6 ранети лица.

Украинските власти велат дека во рускиот напад се оштетени клиничката болница, автобуската станица, училиште, банка, станбени згради и поштата.

Херсон од почетокот на воената инвазија, до ноември годинава беше под окупација на руската армија. Од ноември се врати во рацете на украинските сили и е константна цел на ракетирање од страна на Русија.

Инаку, вчера Три лица загинаа, а уште две беа повредени откако руските сили нападнаа станбена област во градот Константиновка во источна Украина. Гувернерот на Доњецк,Кириленко, наведе дека се оштетени четири станбени згради и еден хотел. 

„Спасувачките екипи и полициските службеници се на местото на настанот за внимателно документирање на уште едно злосторство на руските окупатори“,

изјави Кириленко.

Претходно Кириленко објави дека четири лица загинале, а најмалку седум се ранети од руското гранатирање во последните 24 часа. Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека ситуацијата на фронтот и понатаму е „исклучително тешка“, особено во источниот регион Доњецк, каде Русија ја засилува својата офанзива како дел од нејзината целосна инвазија која започна во февруари минатата година.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Спасовски и Демерџиев утре ќе договараат како да се обезбеди мирна прослава на 4 февруари

Следно

Еве какво ќе биде времето оваа седмица (Фото)

Latest from Blog

Јувентус има нов голман, полски репрезентативец

Голманот на Волфсбург, Камил Грабара, ја продолжи кариерата во Јувентус. Според најновите информации, двете страни ја потврдиле соработката. 27-годишниот полски репрезентативен голман заминува во Торино со опција за откуп за 12 милиони

Трамп нареди да се спуштат знамињата низ САД во чест на починатата Доли Партон

Легендарната американска кантри пејачка, актерка и хуманитарка Доли Партон почина денеска на 80-годишна возраст, потврди нејзината придружба. За време на кариерата што траеше речиси шест децении, Партон стана една од најпрепознатливите личности

Проданоски: Земјоделците од Мажучиште и Коњари нема да бидат оставени сами

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска беше на терен во населеното место Големо Коњари, каде се увери во последиците од вчерашното силно невреме проследено со дожд и град. Невремето предизвика сериозни
Go toTop