Над 100 јавни институции во Скопје се греат на мазут и нафта, покажа мапата на „Шанса за центар“

January 29, 2023
1 min read

Над 100 јавни институции во Скопје се греат на мазут и екстра лесно гориво, покажа истражувањето кое го направи граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“. Од „Шанса за Центар“ објавија мапа на сите јавни објекти во градот кои, според склучените договори објавени на Бирото за јавни набавки, ги загреваат просториите на нееколошки начин.

Од граѓанската иницијатива велат дека за да се промени начинот на греење кај домаќинствата е потребно повеќе време, напор, работа со граѓаните и пред сѐ прифатливи алтернативи за нив. Но, за да се промени начинот на греење кај институциите потребна е главно политичка волја и одлучност и таму треба да се насочат сериозни пари од оние кои граѓаните ги уплаќаат во буџетот.

„Празните муабети, декларативните заложби и фрази за загриженост што ги расфрлаат големите партии нема да го решат проблемот со загадувањето на воздухот од кој секоја година прерано губиме луѓе. Загадувањето доаѓа од многу страни и потребни се многу пристапи. За да им помогнеме на институциите, ги мапиравме јавните објекти кои се греат на мазут и екстра лесно масло за домаќинство. Мазутот е исклучително валкан енергенс, но не е за потценување ниту екстра лесното гориво. Такви јавни објекти во Скопје кои ги согоруваат овие енергенси се најмалку 100“, велат од „Шанса за Центар“.

„Шанса за Центар“ вели дека според договорите за јавни набавки, за една сезона може да се изгорат над 2,7 милиони литри нафта за домаќинство. Неколку установи зимава ќе изгорат стотици илјади килограми мазут, а во скопската котлина една јавна установа ќе изгори и 550 тони јаглен за загревање.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози

Следно

Приведени двајца разбојници од Скопје

Latest from Blog

(ВИДЕО) Иранската телевизија објави видео за планот за атентат врз синот на Трамп

Американската тајна служба е запознаена со видео емитувано од иранската државна телевизија, во кое се зборува за можен план за атентат врз најмладиот син на американскиот претседател Трамп, објави денес портпаролот. „Американската

Утре без струја делови од Скопје, Тетово, Гостивар и повеќе населени места

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре, 26 август, без електрична енергија во одредени периоди ќе останат корисници во повеќе населени места во земјава. Во Скопје, од 8:00 до 10:30 часот прекин

Јувентус има нов голман, полски репрезентативец

Голманот на Волфсбург, Камил Грабара, ја продолжи кариерата во Јувентус. Според најновите информации, двете страни ја потврдиле соработката. 27-годишниот полски репрезентативен голман заминува во Торино со опција за откуп за 12 милиони

Трамп нареди да се спуштат знамињата низ САД во чест на починатата Доли Партон

Легендарната американска кантри пејачка, актерка и хуманитарка Доли Партон почина денеска на 80-годишна возраст, потврди нејзината придружба. За време на кариерата што траеше речиси шест децении, Партон стана една од најпрепознатливите личности
Go toTop