Фудбалскиот свет повторно завиен во црно: Почина Џанлука Виали

January 6, 2023
1 min read

Италијанската фудбалска легенда Џанлука Виали, почина утрово на 58 годишна возраст по тешката битка со ракот. Виали се бореше со рак на панкреасот, и не успеа да ја победи опасната болест.

Виали беше дел од националниот тим на Италија на ЕП 2020 кое „аѕурите“ успеаја да го освојат, а лани се повлече од функцијата помошник тренер за да се бори со болеста.

Пред Нова година беше хоспитализиран во Лондон, откако му се влоши состојбата.

Виали во совјата кариера играше за Кремонезе, Сампдорија, Јувентус и Челси. Беше тренер на Челзи и на Ватфорд. За италијанската репрезентација настапи 59 пати, и постигна 16 голови.

Ова е трета смрт во рок од 20 дена во светот на фудбалот. На 16. декември почина Синиша Михајловиќ, а на 29. декември фудбалот остана без бразилската легенда Пеле.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Го славиме БАДНИК: Жени, никако не правете го ОВА!

Следно

Арсовска го честиташе Бадник: Да работиме оваа година да биде подобра од минатата

Latest from Blog

Проданоски: 20 години пријателство меѓу Прилеп и Тополчани, продолжуваме со нови проекти

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, престојува во Тополчани, Словачка, по повод традиционалните „Денови на Тополчани“ и одбележувањето на 20-годишнината од соработката и збратимувањето меѓу Прилеп и Тополчани. Проданоски, кој е во

Само Ланс знае како против ПСЖ!

фото:facebook.com/RCLens Ланс – ПСЖ 1:0 во меч од Суперкупот на Франција. Значи нема нов трофеј за четата на Луис Енрике која во последните две години просто е “казнена експедиција“. Ја покори Европа,

“УБИЈТЕ 30-40 ПАЛЕСТИНЦИ СЕКОЈА НОЌ“. Со децении вакво нешто не е наредено, освен сега од Израел

Скандалозна изјава на израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир еден од најесктремните десничарски политичари во владејачката коалиција на Бенјамин Нетанјаху, ја потресе светската јавност. Тој јавно заговара убивање 30 до 40
Go toTop