Општина Кисела Вода подели хуманитарни пакети на социјално загрозени семејства

January 6, 2023
1 min read

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски вчера заедно со пратеничката Бети Стаменкоска-Трајкоска, советниците од Советот на Општина Кисела Вода и општествено одговорни компании, посетија околу 50 социјално загрозени семејства во Кисела Вода.

Тие им доделија хуманитарни пакети и им ги честитаа празничните денови со порака дека не се сами и дека имаат поддршка на која можат секогаш да сметаат.

– Ова се денови на радост, на љубовта и надежта, денови на сплотеност помеѓу луѓето и како такви – секој заслужува да ги помине како што доликува. Ова се денови кога треба да покажеме дека сите сме луѓе помеѓу луѓето. И можеби не можеме да направиме големи работи кои ќе го променат светот, но можеме да го промениме секојдневието на подобро на оние на кои најмногу им треба тоа. Оние, кои кај мене секогаш ќе ја имаат безрезервната поддршка, секогаш и секаде и во секој ден од годината. Денес, заедно со пратеничката Бети Стаменкоска-Трајкоска, советниците и општествено одговорни компании, на кои сакам да им искажам огромна благодарност, посетивме околу 50 семејства во Кисела Вода. Се потрудивме со мало внимание од нас да им ги разубавиме празниците, да знаат дека не се сами и дека секогаш има некој кој мисли на нив. И за мене не постои ништо поголемо од секоја стисната рака од нив, секоја искрена прегратка од овие мали душички и секој разменет збор. Да се прават добри дела е највисок чин за еден човек, да се изнудат искрени насмевки е најголема награда. Затоа, да помагаме секогаш кога можеме, посебно на вакви денови. Да сте живи и здрави сите, моја е честа да бидам гостин во вашиот дом, напиша Ѓорѓиевски.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

ЌЕ ПОМИНАТ 62 ГРАДОВИ И СЕЛА Поворки од илјадници деца по повод раѓањето на Христос

Следно

Зеленски не ја прифати понудата на Путин за 36-часовен прекин на огнот

Latest from Blog

Вкупно 1.341 набљудувач ќе ги следат локалните избори, ДИК почна да го доставува изборниот материјал

Локалните избори што ќе се одржат в недела на 19 октомври ќе ги следат 1.341 набљудувач, од кои 700 домашни и 639 меѓународни, како и двајца странски новинари. Државната изборна комисија (ДИК)

Последните предупредувања на Хокинг до човештвото ако сака да преживее

Познатиот теоретски физичар и космолог, професорот Стивен Хокинг (1942-2018), постојано предупредувал во текот на својот живот за тоа што би можело да го доведе човештвото на работ на опстанок. На самитот Tencent

Неверојатно: Ги имаат Исак и Ѓокереш во нападот а во квалификациите освоиле само еден бод!

ФОТО: Svensk fotboll/FB Ако Македонија и Косово се најголем хит во квалификациите за пласман на СП 2026, тогаш јасно е дека Шведска е убедливо најголемото разочарување. Инаку вчера Швеѓаните беа поразени од

Проданоски: Населбата „Градина“ ќе создаде нови можности за прилепчани

Кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, Дејан Проданоски, ја претстави својата визија за развој на градот, со акцент на создавање на достоинствен и современ живот за сите граѓани. Еден од клучните проекти
Go toTop