Празничен концерт на плоштадот „Македонија“ – ќе настапат Ламбе, Антониа, „Златно Славјче“

January 6, 2023
1 min read

После двегодишна пандемиска пауза, Македонија е подготвена повторно да го има највеличествениот Бадник во регионот. Утре, во периодот од 10 до 12 часот во вкупно 62 градови и населени места во нашата земја, илјадници деца ќе чекорат во бадниковите поворки на радоста и пеејќи ја ангелската песна „Вечниот Бог” ќе го најавуваат Христовото Раѓање.

Најголемата бадникова манифестација во Скопје започнува точно во 11 часот со мал празничен концерт на Градскиот плоштад „Македонија” каде што сите деца со нивните семејства ќе бидат пречекани со настапите на Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски, Златно славејче, Вера Милошевска, Димитар Андоновски, Стефан (Некст тајм) и Пере (Нокаут).

Водители на настанот ќе бидат мега-популарните детски ѕвезди: Марија Јанчевска и Јован Дукмеџиев.

После краткиот концерт, ќе се оформи најголемата бадникова поворка што преку Камениот мост ќе тргне кон Соборниот храм каде што сите коледарчиња ќе бидат дочекани и дарувани од Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан.

Свечени бадникови поворки со стотици деца се организираат и во: Охрид, Струга, Кичево, Прилеп, Крушево, Штип, Струмица, Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Битола, Ресен, Тетово, Гостивар, Дебар, Куманово, Крива Паланка, Македонски Брод, Виница, Кочани, Св.Николе, Радовиш, Делчево, Пробиштип, Македонска Каменица, Валандово, Берово, Демир Капија, Велгошти, Дебарца, Враништа, Ростуше, Јанковец, Могила, Драслајца, Брвеница, Вратница, Банско, Ново Село, Зубово, Сушица, Ново Коњарево, Удово, Јосифово, Пирава, Грчиште, Марвинци, Балинци, Брајковци, Гази Баба, Кисела Вода, Аеродром, Центар, Ѓорче Петров, Чаир, Бутел, Илинден, Петровец, Чучер Сандево, Бардовци…

Во сите поголеми градови во Македонија, исто како и во Скопје, поворката ќе биде крунисана со празнични концерти на пригодни божикни песни во кои учествуваат локалните ѕвезди и хорчиња.

Организаторите ги покануваат граѓаните да им се придружат на поворките.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

И утрово се дише отровен воздух: Скопје повторно е меѓу најзагадените градови во светот

Следно

ЌЕ ПОМИНАТ 62 ГРАДОВИ И СЕЛА Поворки од илјадници деца по повод раѓањето на Христос

Latest from Blog

Сајкоски: Верувам во силата на единството, во визијата што ја градиме и во промените што ги носиме

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски денес како делегат на XVIII Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ го даде својотот глас одговорно, чесно и во интерес на иднината на партијата и државата. Верувам во силата

ПРЕРАНИОТ ПУБЕРТЕТ СÈ ПОЧЕСТ КАЈ ДЕВОЈЧИЊАТА, ОСОБЕНО ПО ПАНДЕМИЈАТА

Епидемиолошките студии покажуваат дека се намалува границата на почеток на пубертетот, особено кај девојчињата, а многу истражувања упатуваат дека овој тренд дополнително се забрзал по пандемијата на ковид. Началничката на Одделот за

Буендиа го реши дербито, Астон Вила со голем триумф над Арсенал

На стартот на денешната програма во Премиер лигата, закажано беше големото дерби помеѓу екипите на Астон Вила и Арсенал. Домаќинот извојува огромна победа со погодок во петтата минута од судиското продолжение преку

Папата: Светата Столица нема да биде нем набљудувач на глобалните нееднаквости

Папа Лав Четиринаесетти изјави денес дека Ватикан „нема да седи со скрстени раце“ пред прекршувањето на човековите права ширум светот и го повтори повикот за работа на „ненавооружан и разоружувачки мир“. Во

Мицкоски: Историското наследство на Македонија е обврска, а не украс или сентимент

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на отворањето на денешниот 18-ти Конгрес на партијата кој се одржува во спортскиот комплекс „Јасмин” во општина Кавадарци под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата
Go toTop