Најмалку еден убиен и двајца ранети во денешните руски ракетни напади врз Киев

January 26, 2023
1 min read

Според извештаите што ги пренесува „Гардијан“, вкупно 30 проектили биле истрелани од руска страна кон цели во Украина, од кои дел и врз главниот град Киев

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, утрово соопшти дека најмалку едно лице загинало, а две се повредени по најновиот бран на руски ракетни напади во Украина, јавува „Гардијан“.

Илустративна фотографија/Фото: Архива

„Како последица на удар на ракета, која погоди зграда во областа Холосивски, во моментов има информации за еден загинат и двајца ранети. Повредените лица се хоспитализирани од медицинските екипи“,

напиша Кличко на Телеграм.

Според извештаите што ги пренесува британскиот весник, вкупно 30 проектили биле истрелани од руска страна кон цели во Украина.

„Очекуваме повеќе од 30 проектили, кои веќе почнаа да се појавуваат на различни територии“,

изјави портпаролот на украинската војска Јуриј Игнат.

По него, со тврдења дека украинската противвоздушна одбрана соборила 15 крстаречки ракети кои се движеле кон Киев, излезе друг претставник на властите на земјата.

Тишината на студеното и снежно утро во Киев беше прекината во 10:06 часот по локално време, кога силни експлозии одекнале во близина на главната железничка станица.

Дека имало повеќе експлозии, на Телеграм објави и градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак, информираше дека системите за воздушна одбрана на Украина утрово собориле неодреден број руски ракети.

Гувернерот на регионот Миколаев, Виталиј Ким, во објава на Телеграм информира дека два проектила биле забележани над територијата на овој регион.

Поради ризик од ракетните напади, најголемиот украински производител на електрична енергија објави дека врши вонредни исклучувања на електропреносната мрежа во Киев, остатокот од Киевската Област и областите Одеса и Днепропетровск.

Во текот на ноќта украинската армија објави дека противвоздушната одбрана ги соборила сите 24 руски беспилотни летала кои биле лансирани во синоќешниот напад на Украина.

Руските ракетни нападни врз цели во Украина доаѓаат еден ден откако САД и Германија соопштија дека ќе испратат тенкови „абрамс“ и „леопард 2“ како поддршка на Киев во војната со Русија.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Скопјанец осомничен дека тешко повредил жена и ја држел заклучена

Следно

Италија: Запленети 250 милиони евра и уапси 56 припадници на мафијашкиот клан „Ндрангета“

Latest from Blog

Започна увидот во опожарената фабрика во Виница

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани го започна увидот по настанатиот пожар во фабриката “Макпрогрес-Винчини” во Виница. Увидните дејствија ќе продолжат и следните денови, бидејќи во дел од магацините за суровини

Гаши: Само со сплотеност и заедничка посветеност можеме да ја реализираме визијата за посветла иднина на нашата држава и за идните генерации

2 Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка до сите граѓани по повод 34-годишнината од осамостојувањето на државата. Во честиката Гаши повикува на обединување околу вредностите на сплотеност и посветеноста за исполнување

По повод 8 Септември: „Илинден“ – Тирана испраќа честитки за независноста на Македонија

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија. Во честитката се истакнува дека пред точно 34 години македонските граѓани покажале демократска зрелост и

„Македонска држава“: Нов дигитален дом на македонското историско и културно наследство

Денес официјално започнува со работа платформата „Македонска држава“, најголемата дигитална библиотека за македонското историско наследство. Платформата стартува со повеќе од 300 електронски книги, историски документи и истражувања кои опфаќаат над 150 години
Go toTop