„Ќе ги победите како што ние со УЧК ги победивме Македонците“: Ахмети им дал совет на Украинците никогаш да не се предаваат

January 26, 2023
1 min read

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на украинска делегација со која разговарал ѝ дал совет Украинците никогаш да не се предаваат, како што не се предала УЧК во 2001 година во војната во Македонија, пренесуваат медиуми на албански јазик.

-Војната Русија-Украина и натаму претставува жешка зона. Се сретнав со една делегација од Украина и им реков: ‘Вие ќе ја добиете оваа војна. Бидете силни и не предавајте се никогаш, така победивме и ние, бидејќи ние не се предадовме никогаш!’ – рече синоќа лидерот на ДУИ Али Ахмети на партискиот собир во шарпланинското село Шипковица“ – објави телевизијата на албански јазик „Шења“, пренесе ПлусИнфо.

За Украина тој рече дека „како земја сме се солидаризирале со оваа држава, која се наоѓа во војна, но немаме повеќе можности да сториме, освен да им испратиме музичка група“.

-Ние сме се солидаризирале со Украина морално, но само толку можеме. Бидејќи оние оружја, што ги имаме, тие не ѝ требаат на Украина. Или можеме да им испратиме музичка група, друго нешто не можеме да им однесеме, рече лидерот на ДУИ на партискиот собир во Шипковица.

Бездруго инспириран од Украина, потоа Ахмети, како поранешен врховен командант на УЧК, а сега претседател на ДУИ, евоцирал спомени од партискиот собир во Шипковица, а потоа дел и од своите „послевоени спомени“, велејќи: „ДУИ е дом на војници, бидејќи 10 илјади војници потпишаа за создавањето на овој дом со име ДУИ“ – пренесе ПлусИнфо.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Жена се обидела да го отруе Трамп – се соочува со повеќе од 20 години затворска казна

Следно

Русите истрелаа повеќе од 30 проектили врз Украина

Latest from Blog

Научниците зачудени од огромна структура, изградена пред 7.000 години- сега е на дното на Атлантикот

Огромната структура е снимена во Атлантскиот Океан, а нејзината возраст може да датира од 5000 година п.н.е. Зошто е изградена? Откритието е снимено во близина на Бретања, каде што научниците започнаа интензивна

Опериран поранешниот бразилски претседател Болсонаро

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро денес беше опериран во болница во главниот град Бразилија, соопшти неговото семејство. Болсонаро беше опериран поради хернија, а интервенцијата траеше три и пол часа и помина без

Фондот на ПИОМ со одлука за зголемување на средствата за исплата на посмртнина

Управниот одбор на Фондот на ПИОМ ја одржа 28-та седница на која донесе повеќе одлуки од негова надлежност. Заменик претседателот на Одборот, Игор Китаноски, кој ја водеше седницата, најнапред му даде збор

Јувентус го убедува Тонали да се врати во Италија

Јувентус ќе направи се оваа зима да го донесе Сандро Тонали. Како што пишува весникот „Газета дело Спорт“ главниот тренер, Лучијано Спалети, е воодушевен од италијанскиот репрезентативец од средниот ред. Раководството на
Go toTop