Судот ја затвори најстарата организација за човекови права во Русија

January 25, 2023
1 min read

Московската Хелсиншка група, најстарата организација за човекови права во Русија, денеска е затворена откако Судот пресуди дека не е соодветно регистрирана.

Групата, основана во 1976 година од советски дисиденти, објавуваше годишни извештаи за човековите права во Русија и беше една од ретките преостанати независни организации за човекови права во земјата, по затворањето на организацијата „Меморијал“ што во 2021 година беше лауреат на Нобелова награда.

Руското Министерство за правда минатиот месец поднесе тужба против Московската Хелсиншка група, тврдејќи дека е регистрирана само за заштита на човековите права во Москва, а не и во останатите делови на земјата, што групата го отфрли како глупост.

Копретседателот на групата, Валериј Боршов, денеска пред Судот и претставниците на Министерството изјави дека затворањето на групата ќе стави крај на повеќедецениска работа на нејзините активисти.

„Правите голем грев. Уништувате движење за човекови права, уништувате“, рече тој.

Од почетокот на инвазијата на Украина во февруари минатата година, рускиот претседател Владимир Путин се повеќе ги задушува гласовите на отпор во општеството, без разлика дали се независни медиуми, невладини организации за човекови права или политички противници.

Путин има свој Совет за човекови права.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лајчак вечерва во посета на Приштина

Следно

Вардар се излеа во Велес, нивото на реката зголемено за половина метар

Latest from Blog

Средба на Муцунски со турскиот министер Фидан на маргините на Министерскиот состанок на Балканската платформа за мир

На маргините на Вториот министерски состанок на Балканската платформа за мир, кој денеска се одржува во Истанбул, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари билатерална средба со својот турски

Коњановски: Културата станува двигател на локалниот идентитет на Битола

Културата, како клучна компонента на јавниот живот, веќе не е исклучиво домен на централната власт и стана темел за градење на локалниот идентитет и кохезија. Програмата за култура на Општина Битола за

Ќерката на Денис Родман стана најплатената фудбалерка во светот

Американската фудбалерка, Тринити Родман, ќерката на легендарниот кошаркар Денис Родман стана најплатената професионалка во историјата на спортот. Таа потпиша нов договор со тимот на Вашингтон Спирит дел од женската верзила на МЛС,

Луѓето кои редовно читаат книги живеат 23 месеци подолго од оние кои воопшто не читаат

Сè поголем број истражувања посочуваат дека читањето може да биде многу помоќно отколку што се мисли. Всушност, редовното читање е поврзано со понизок стрес, подобро помнење, заштита од умствен пад и деменција,
Go toTop