Претседателот Пендаровски на средба со американската амбасадорка Анџела Агелер

December 19, 2023
1 min read

реклама


Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Анџела Прајс Агелер.

Соговорниците разговараа за текот на евроинтегративниот процес на Северна Македонија во контекст на комплетираниот скрининг процес и неодамнешните одлуки на Советот на ЕУ. Во таа насока се согласија дека е потребно да продолжи посветеноста кон европските интеграции, имајќи предвид дека преку процесот на преговорите за членството во ЕУ ќе се овозможи позитивна трансформација на демократските капацитети на општеството, ќе се отворат можности за поголем економски просперитет, размена на услуги и добра, како и поголема мобилност на населението за образование и професионален развој.

реклама

На средбата беа разменети мислења и за состојбите во регионот, како и безбедносните случувања во поширокиот регион, војната во Украина и случувањата на Блискиот Исток.

Претседателот Пендаровски изрази задоволство од стабилното и динамично македонско-американско пријателство, нагласувајќи дека македонското општество и граѓани особено ја ценат поддршката од САД. Во таа насока тој изрази уверување дека американската поддршка ќе продолжи и во периодот што претстои, како гарант за мирот, стабилноста и просперитетот на нашиот регион.

реклама

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Новогодишно Скопје во Кралството Југославија VS Денешното новогодишно Скопје

Следно

Ајфон стана некомпатибилен со државна работа во Кина

Latest from Blog

Џерард: Сега не сакам медал, се помирив и со лизгањето и дека не сум ја освоил Премиер лигата

Легендата на Ливерпул и поранешен капитен на Црвените и на Англија, Стивен Џерард, има интересен став во врска со истрагата за финансиските неправилности на Манчестер сити, во која клубот беше прогласен за

ЈАСНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ од еден од најмоќните луѓе во НАТО: „Ако бидат толку бедни, ќе ги уништиме“

Врховниот командант на НАТО за Европа (SACEUR) во понеделник ја предупреди Русија дека нејзините сили ќе ги уништат „сите“ вклучени во каков било напад ако Москва е „доволно лоша“ за да ја
Go toTop