Путин нареди прекин на огнот на 6 и 7 јануари

January 5, 2023
1 min read

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му нареди на министерот за одбрана Сергеј Шојгу да воведе дводневен прекин на огнот долж целата линија на фронтот со Украина, почнувајќи од пладне на 6 јануари до полноќ на 7 јануари

Претходно западни медиуми јавија дека прекинот на огнот ќе почне на полноќ на 6 јануари.

Русија ја повика Украина да прогласи прекин на огнот и да им се дозволи на луѓето да присуствуваат на богослужбите на Бадник и Божик.

Според соопштението од Кремљ, прекинот на огнот ќе трае до полноќ в сабота. Руските власти ја повикаа украинската страна да „прогласи прекин на огнот и да им овозможи на граѓаните да присуствуваат на божиќните богослужби“.

Како одговор, украинскиот претседателски советник Михаил Подољак го нарече предлогот „цинична измама и елемент на пропаганда“.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Украина му одговори на Путин за божиќното примирје: Чувај си го лицемерието за себе

Следно

Местото е „црна точка“, голем број граѓани го загубиле животот: Патниците во несреќата кај Велес за среќа се со полесни повреди

Latest from Blog

Славен пејач падна од бината среде настап- го поддржа Џенифер Лопез (ВИДЕО)

Инцидентот се случи само два месеци пред неговиот долгоочекуван и контроверзен настап на полувремето на Супербоул. Несреќа среде настапот Раперот, чие вистинско име е Бенито Окасио (31), бил среде изведувањето на својот

Омерагиќ најавува предлог за нов селектор до 25 декември

Како Комисија за избор на нов селектор на македонската А репрезентација, денеска имавме конструктивен состанок, изјави Масар Омерагиќ, претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). На состанокот беа разменети размислувања за профилот
Go toTop