Денеска се очекуваат првите кривични пријави – Бубевски: Осомничените се соочуваат со казна затвор од 10 години до доживотен затвор

December 5, 2023
1 min read

реклама


Македонскиот обвинител Гаврило Бубевски за српска ТВ Нова изјави дека на осомничените за убиството на тинејџерката Вања и фризер Панче Жежовски се соочуваат со казна затвор од 10 години до доживотен затвор.

Според него, денеска се очекуваат првите кривични пријави против осомничените.

реклама

„Последната информација е дека на уапсените им е одреден притвор од 48 часа, меѓу кои е и таткото на Вања. Тројца ја признаа вината, а четвртиот за кој имаме докази дека е вмешан, ништо не призна. Активна е меѓународната потерница по убиецот и чекаме да се реализира. Деталите за улогата на таткото се уште се исти. Ги дал сите информации за движењата на девојката, кога ќе биде сама и слично. Киднапирањето на девојчето е поврзано со личен интерес, истото го кажале и осомничените, го киднапирале детето за да земат пари од мајката. После тоа се случи убиство, кое ја потресе цела нација“, вели обвинителот Бубевски.

Според него, киднаперите се плашеле дека полицијата ќе им го открие планот, па го убиле девојчето пред нејзината мајка да биде информирана за откупот.

реклама

„Денеска ја очекуваме првата кривична пријава, очекувам да видиме што ќе се собере за да ја имаме целата приказна. Мислам дека пријавата само ќе се совпадне со приказната на осомничените“, вели обвинителот.

„Ваков случај досега немало, но тоа му дава тежина на овој случај“, заклучува Бубевски за ТВ Нова.

реклама

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Дали Суецкиот Канал беше погоден од тензиите на Црвеното Море во ноември?

Следно

Заедничка изложба на фотографии на Јана Кузманоска и Тања Кузманоска и промоција на електронска фото-стихозбирка

Latest from Blog

Во случај на отказ, Нагелсман ќе добие 14 милиони евра!

ФОТО:.facebook.com/DFBTeamEN/ Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, се обезбеди во случај да добие отказ по Светското првенство. Тоа лесно може да се случи, бидејќи четирикратните светски шампиони веќе беа сопрени во 1/16 финалето.

Гаши-Папуашвили: Во периодот што следи да се интензивира соработката меѓу двете држави

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, кој од 30 јуни до 1 јули 2026 г. е во официјална посета на Грузија, денеска имаше средба со претседателот на Парламентот на

Светски економски форум: Македонија со раст од 14,5% во чистата енергија

Додека глобалната енергетска транзиција забавува под притисок на геополитичките кризи, високите инвестициски трошоци и недоволно развиената инфраструктура, Македонија е меѓу државите што годинава бележат најголем напредок во развојот на чистата енергија. Ова

Меџити: Објавен јавниот повик за поставување нови лифтови во Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, соопшти дека е објавен јавниот повик за финансиска поддршка за поставување нови лифтови во колективните станбени згради во општината, со што започнува реализацијата на еден од
Go toTop