Дали Суецкиот Канал беше погоден од тензиите на Црвеното Море во ноември?

December 5, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Тековната тензија на Црвеното Море се очекуваше да влијае врз поморското движење во Суецкиот Канал во Египет поради заканите од јеменската група Хути дека ќе ги гаѓа бродовите поврзани со Израел, особено во близина на теснецот Баб ал-Мандаб, јавува Анадолу.

Сепак, според неодамнешните официјални податоци објавени од Управата на Суецкиот Канал, 2.264 брода го преминале каналот во двете насоки во ноември 2023 година, во споредба со 2.171 брод во ноември минатата година, што покажува зголемување од 4,3 отсто.

Податоците покажаа дека се пренесени 135,5 милиони тони материјал наспроти 125,2 милиони тони во ноември минатата година, со што се бележи зголемување од 8,2% отсто.

Од друга страна, приходите од Суецкиот Канал се зголемиле во ноември за 20,3 отсто, на 854,7 милиони долари наспроти 710,3 милиони долари во истиот период минатата година.

Во неделата, јеменската група Хути соопшти дека таргетирала два израелски брода во теснецот Баб ал-Мандаб во Црвеното Море со поморска ракета и беспилотно летало.

Во неделата Пентагон објави дека американски воен брод и неколку трговски бродови биле нападнати на Црвеното Море.

На 19 ноември Хутите објавија запленување на товарниот брод Галакси Лидер, кој бил во косопственост на израелска компанија.

Групата рече дека овој чекор доаѓа во знак на солидарност со „палестинскиот отпор во Појасот Газа“.

Последната тензија ја натера израелската бродска компанија ЗИМ во средата да објави пренасочување на своите бродови од египетскиот Суецки Канал.

Во меѓувреме, меѓународните поморски компании чекаат каков било чекор напред во поморскиот сообраќај низ Црвеното Море, во време кога податоците за бродските компании покажаа зголемување на трошоците за обезбедување бродови што поминуваат преку каналот.

Суецкиот Канал, кој се смета за еден од најважните водни патишта низ светот, е најкратката поморска маршрута меѓу Европа и Азија и еден од главните извори на девизи за Египет.

Минатиот јуни претседателот на Управата на Суецкиот Канал, Осама Рабие, рече дека во фискалната година што завршува на 30 јуни 2023 година каналот остварил приходи во вредност од 9,4 милијарди долари, што е зголемување од 35 отсто во однос на претходната фискална година.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври.

Бројот на загинати од израелските напади врз Појасот Газа од почетокот на конфликтот е речиси 15.900, соопшти во понеделникот Министерството за здравство во Газа.

Бројот на ранети во истиот период се искачи на повеќе од 42.000.

Според официјални податоци, бројот на загинати во Израел изнесува 1.200.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Во сабота протест „Правда за Вања“ на Школка

Следно

Денеска се очекуваат првите кривични пријави – Бубевски: Осомничените се соочуваат со казна затвор од 10 години до доживотен затвор

Latest from Blog

Готово е: Тонали потпишува за Тотенхем!

ФОТО:facebook.com/newcastleunited/ Нова “бомба“ која е поврзана со Тотенхем. Вчера беше објавено дека Тотенхем го срушил рекордот за трансферна цена за доведување играч со трансферот на Матеуш Фернандеш, а веќе вечерва тоа одамна

Германците се подготвуваат за можна руска агресија: Одобрен е нацрт законот за воени резервисти

Германија планира да ги удвои своите резервни сили до средината на следната деценија на најмалку 200.000 војници, објави Ројтерс, наведувајќи дека целта е германската армија да има 260.000 активни војници. Германскиот министер

Дивоградбите остануваат државен проблем: Лани регистрирани 911 нови бесправно изградени објекти

Бесправната градба и натаму останува еден од најголемите урбанистички и институционални предизвици во Македонија. И покрај тоа што процесот на легализација започна пред повеќе од една деценија со цел трајно да се

Во случај на отказ, Нагелсман ќе добие 14 милиони евра!

ФОТО:.facebook.com/DFBTeamEN/ Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, се обезбеди во случај да добие отказ по Светското првенство. Тоа лесно може да се случи, бидејќи четирикратните светски шампиони веќе беа сопрени во 1/16 финалето.
Go toTop