Во Скопје започна 30. Министерски совет на ОБСЕ

November 30, 2023
2 mins read

СКОПЈЕ (АА) – Претседавачот со ОБСЕ, наедно и министер за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, официјално го отвори 30. Министерски совет што денес и утре се одржува во Скопје, јавува Анадолу.

На состанокот учествуваат претставници од 57 земји членки на ОБСЕ, односно околу 1.000 учесници од 76 делегации.

Во името на Туркије на состанокот присуствува турскиот заменик-министер за надворешни работи, Бурак Акчапар.

На отворањето, претседавачот Османи му даде збор на премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, кој повика да се остават настрана националните агенди, нагласувајќи дека ниту една земја не може долгорочно да напредува изолирано.

„Овој настан е кулминација на нашето годинашно претседавање со ОБСЕ, кое и во редовни околности, верувам ќе се согласите, не е лесен ангажман. Но кога во декември 2020 година со консензус ни беше доделена честа да управуваме со оваа најголема регионална безбедносна организација, тешко некој можеше да предвиди дека пред нас ќе имаме вакви турбуленции и предизвици во регионот на ОБСЕ и пошироко”, рече Ковачевски, споменувајќи ја руската воена инвазија врз Украина.

Претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи, во својот говор им посака добредојде на сите присутни на 30. Министерски совет.

Тој потсети дека претходно беше постигнат консензус Малта да претседава со ОБСЕ во 2024 година, додавајќи дека во рамките на одобрената агенда, формалностите ќе бидат спроведени утре.

„На крајот од нашето претседателство праќам порака на надеж дека нема да го пропуштиме историскиот момент, дека одговорно ќе одговориме на тежината на моментот и дека ќе обезбедиме предвидлива и конструктивна иднина за ОБСЕ“, рече Османи.

Претседателката на Генералното собрание на ОБСЕ, Пиа Каума, рече дека ОБСЕ успеа да ја продолжи својата работа и покрај предизвикувачкото опкружување поради „неоправданата воена руска агресија“ врз Украина и фактот дека Русија „продолжува да ги крши сите 10 принципи на Хелсинки“.

Сепак, нагласи таа, пречките со кои се соочува организацијата, како што се доцнењето со постигнување договор за претседавач и раководители на институциите на ОБСЕ, блокирањето на одобрението на буџетот и дополнителните ограничувања на теренските операции, ја загрозуваат колективната безбедност.

„Нашите гласачи очекуваат резултати (од нас), како нивни избрани претставници не може да избегнеме вина. Мора да работиме заедно за јасни решенија. Соочени со таква невидена неизвесност, тврдам дека ОБСЕ е посуштински потребна од кога било претходно“, рече Каума.

Генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Марија Шмид, рече дека „безбедносната средина со која се соочуваме во регионот на ОБСЕ и пошироко“ е заедничка одговорност на сите.

„Штотуку слушнавме од премиерот, министерот Османи и претседателката Каума за сериозните предизвици со кои се соочуваме… од војна сѐ до тероризам, од организираниот криминал и корупцијата до климатските промени, од трговијата со луѓе до родовото насилство, нетолеранцијата и дискриминацијата“, рече Шмид.

Таа додаде дека ОБСЕ, врз основа на принципите и заложбите договорени меѓу земјите учеснички, работи и ќе продолжи да работи на спречување конфликти преку промовирање сеопфатен дијалог.

Северна Македонија, која претседава со ОБСЕ во 2023 година, ги спроведува своите активности на тема „За луѓето се работи“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

УХМР: Утре и во сабота зголемување на дневната температура

Следно

Во Пекинг пријавени повеќе од 72.000 случаи на заразни болести

Latest from Blog

Македонија U18 славеше во Бугарија – Индонезија совладана со 1:0

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години оствари победа од 1:0 против селекцијата на Индонезија на контролниот натпревар одигран во Банско, Бугарија. Стрелец на единствениот погодок беше Иван Танчев, кој уште во првото

Експлозив поставен пред хотел во Драч, полицијата изврши контролирана експлозија

Торба, во која имало експлозивна направа со далечински управувач била оставена во близина на влезот на хотелот, до градската гимназија, предизвикувајќи паника кај граѓаните и туристите во областа. По дојавата, полицијата веднаш

Силен земјотрес ја погоди Колумбија

Колумбија денес беше погодена од земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 13 километри, додека на површината бил најблиску

Ангелов: Ноќеска повторно гореше и во „Дрисла“, состојбата сега е стабилна

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов изјави дека околу 2:30 часот по полноќ добиле дојава дека повторно има горење на депонијата „Дрисла“ и веднаш се упатил таму. -Се гледаа одредени пламени јазици, но
Go toTop